Македонците се поретко одат во кино. Но, се намалува и бројот на прикажаните филмови на големото платно и се помалку кина работат континуирано во текот на целата година, според податоците на заводот за статистика за 2008 година. Граѓаните велат дека сакаат да гледаат филмови. Но, повеќето немаат навика да одат во кино.
„Немаме навика.“
„Дома гледаме на ДВД.“
„Има многу телевизиски канали, филмови, понуда голема и не одиме многу во кино.“
Пиратеријата и лошата состојба на кината во земјава е причината поради која луѓето наместо во кино решаваат филм да гледаат восвојот дом, вели директорката на Манаки филм Тања Пепељуговска.
„Пиратеријата и недостигот на кино инфраструкутра во Македонија се еден маѓепсан круг. Пиратеријата условува намалено присуство на публиката во кино салите, а тоа пак условува неможност за обновување на кино салите со подобра опрема со подобар вид на услуги за граѓаните.“
Ништо не може да ја замени магијата на филмот прикажан во кино. Но луѓето се повеќе време поминуваат пред телевизор гледајќи филмови од пиратски цедиња вели организаторот на скопски филмски фестивал Иво Антов.
„Најголем проблем е многучасовното гледање телевизија што кај просечен македонец изнесува по шест часа на ден. Нормално тука се пиратските цд-иња што можат да се купат по едно евро, насекаде низ градот.“
Од пазарна инспекција велат дека секојдневно нивните инспектори одземаат пиратски цедиња. Казната е сто евра. Проблемот е во тоа што тие можат да одземат роба само на лице место, а продавачите веднаш се враќаат на своите тезги со нови цедиња. Пепељуговска вели дека само во Македонија секој продава, кај стигне.
„Постојано се продава по пазарите, низ центарот, па дури и во овластени продавници каде се продава опрема за аудио-визуелна опрема, можете многу легално да купите.“
Додека во нашата земја љубителите на седмата уметност не помислуваат да посетат некое кино, според светската статистика бројот на посетители во другите земји секоја година се зголемува.
„Немаме навика.“
„Дома гледаме на ДВД.“
„Има многу телевизиски канали, филмови, понуда голема и не одиме многу во кино.“
Пиратеријата и лошата состојба на кината во земјава е причината поради која луѓето наместо во кино решаваат филм да гледаат во
Пиратеријата и недостигот на кино инфраструкутра во Македонија се еден маѓепсан круг. Пиратеријата условува намалено присуство на публиката во кино салите