Се чека на медијаторот Нимиц да ги повика преговарачите од двете страни во спорот за името, во Њујорк. Уште пред повеќе недели од неговата кацеларија беше речено дека тој е во контакт со двајцата преговарачи со цел да го одредат датумот на средбите, но до денеска ништо конкретно не се најавува.
Останува најавата до крајот на овој месец да ја очекуваме новата средба. Известувачот за Македонија во Европскиот парламент, Зоран Талер, минатата недела, посредувањето на медијаторот Нимиц, го нарече неефикасно и уште еднаш укажа на потребата од зголемување на улогата на ЕУ во спорот.
Ако го оставиме процесот само на амбасадорот Нимиц и на Атина и на Скопје, се соочуваме со ризик овој процес да продолжи и нема причина да не поминат уште две декади, изјави Талер. Угледниот „Економист“, минатата недела објави текст во кој се вели и дека Европа, поради нерешениот спор би морала да биде многу позагрижена отколку до сега.
Решавањето на спорот ќе има големи придобивки за сите, преку зајакната стабилност која се гарантира со проширувањето на Унијата и западната воена алијанса, смета „Економист“, додавајќи дека Европа, поради нерешениот спор, мора да биде многу позагрижена отколку што е сега. Европските држави засега упатуваат на процесот во ООН и единствената вклученост во него ја манифестираат преку поддршката и оптимизмот дека до решение може да се дојде многу брзо и до крајот на шпанското претседателство со Унијата. Во тој контект се очекува да се случи и посетата на министерот за надворешни работи на Шпанија Моратинос, кој утре ќе престојува во Македонија. Европските држави засега упатуваат на процесот во ООН и единствената вклученост во него ја манифестираат преку поддршката и оптимизмот дека до решение може да се дојде многу брзо и до крајот на шпанското претседателство со Унијата. Во тој контект се очекува да се случи и посетата на министерот за надворешни работи на Шпанија Моратинос, кој утре ќе престојува во Македонија.
Францускиот став околу ова прашање е добро познат и како што е кажано повеќепати, Франција се надева дека овој проблем меѓу двете земји ќе биде решен со заемно прифатливо решение и Франција верува дека периодот на шпанското претседателство со ЕУ мора да се искористи во оваа насока.
„Сметаме дека одлуката на европскиот совет во декември даде јасна можност којашто треба да се искористи и мислиме дека под покровителство на медијаторот Нимиц и со помош на шпанското претседателство ќе може да се дојде до решение“, вели францускиот амбасадот во земјава Жан Клод Шлумберже.
Според домашните експерти, системот на одлучување во ЕУ нема да се промени:
„Нема никогаш да се откажат од принципот на одлучување базиран врз консензус, само за да ја гарантираат македонската демократија“, вели поранешниот министер за надворешни работи Слободан Чашуле.
И САД за сега упатуваат на процесот во ОН како единствена можност да се дојде до решение. Веруваме дека двете страни се способни да постигнат договор низ овој механизам, се вели во изјавата од американската амбасада во Скопје.

Според мене, ако ова го оставиме само на амбасадорот Нимиц и на Атина и на Скопје тогаш ние се соочуваме со еден ризик овој процес да продолжи и понатаму и подолго време и нема причина зошто да не поминат и понатаму две декади.
Решавањето на спорот ќе има големи придобивки за сите, преку зајакната стабилност која се гарантира со проширувањето на Унијата и западната воена алијанса, смета „Економист“, додавајќи дека Европа, поради нерешениот спор, мора да биде многу позагрижена отколку што е сега. Европските држави засега упатуваат на процесот во ООН и единствената вклученост во него ја манифестираат преку поддршката и оптимизмот дека до решение може да се дојде многу брзо и до крајот на шпанското претседателство со Унијата. Во тој контект се очекува да се случи и посетата на министерот за надворешни работи на Шпанија Моратинос, кој утре ќе престојува во Македонија. Европските држави засега упатуваат на процесот во ООН и единствената вклученост во него ја манифестираат преку поддршката и оптимизмот дека до решение може да се дојде многу брзо и до крајот на шпанското претседателство со Унијата. Во тој контект се очекува да се случи и посетата на министерот за надворешни работи на Шпанија Моратинос, кој утре ќе престојува во Македонија.
Сметаме дека одлуката на европскиот совет во декември даде јасна можност којашто треба да се искористи и мислиме дека под покровителство на медијаторот Нимиц и со помош на шпанското претседателство ќе може да се дојде до решение.