Се чини дека и интерпелацијата на министерот за правда Михајло Маневски ќе заврши како сите досегашни интерпелации во независна Македонија поднесени од опозицијата. Се очекува владејачкото мнозинство да го брани, опозицијата да го напаѓа и на крај Собранието да му изгласа доверба на министерот.
Интерпелацијата на Маневски ја поднесе пратеничката група на СДСМ. Според нив, Маневски деградира судскиот систем и врши политички притисок врз судството. СДСМ го обвинува Маневски за непотизам во судството, неправилности во финансиското работење на Министерството за правда, скандал со узурпираното земјиште во општествена сопственост, екстремно лошите услови во македонските затвори и политичкиот притисок врз работењето на судиите.
Тие го обвинуваат Маневски и за истовремено земање плата и пензија. Маневски веќе стана проблем и на премиерот Никола Груевски, па затоа тој покрена постапка за уставни измени да се ослободи од политичкото влијание на Маневски во Судскиот совет, вели пратеникот Владо Бучковски од СДСМ.
„Декларативно ВМРО-ДПМНЕ сака да се пресмета со транзиционите политичари. А, со лустрацијата говори дека сака да се пресмета со комунизмот. Еве им добра шанса. Последниот комунистички министер е добрата прилика да го видиме во вистинско светло ВМРО-ДПМНЕ.“
Од друга страна, пратеникот Зоран Петрески од ВМРО-ДПМНЕ вели дека позитивно ја оценува работата на министерот Маневски. Донесени се бројни реформски закони во судството и правосудниот систем кои ги следат насоките од ЕУ, а тоа подразбира и департизација и деполитизација на судството, вели Петрески.
„Опозицијата има одредени забелешки кои секогаш и секому можат да се дадат и истите цениме дека се паушални и дека не претставуваат сериозна причина заради која треба да се преиспитува работата на министерот.“
Координаторот на пратеничката група на ДУИ, Тахир Хани само кусо ни одговори дека ДУИ ќе му даде подршка на Маневски.
Пред околу еден месец, интерпелацијата ја „преживеа“ министерот за финансии Зоран Ставрески, а на крајот на минатата година собранието им изгласа доверба и на министрите за транспорт и врски Миле Јанакиески и за внатрешни работи Гордана Јанкулоска.
Декларативно ВМРО-ДПМНЕ сака да се пресмета со транзиционите политичари. А, со лустрацијата говори дека сака да се пресмета со комунизмот. Еве им добра шанса. Последниот комунистички министер е добрата прилика да го видиме во вистинско светло ВМРО-ДПМНЕ.
Тие го обвинуваат Маневски и за истовремено земање плата и пензија. Маневски веќе стана проблем и на премиерот Никола Груевски, па затоа тој покрена постапка за уставни измени да се ослободи од политичкото влијание на Маневски во Судскиот совет, вели пратеникот Владо Бучковски од СДСМ.
„Декларативно ВМРО-ДПМНЕ сака да се пресмета со транзиционите политичари. А, со лустрацијата говори дека сака да се пресмета со комунизмот. Еве им добра шанса. Последниот комунистички министер е добрата прилика да го видиме во вистинско светло ВМРО-ДПМНЕ.“
Од друга страна, пратеникот Зоран Петрески од ВМРО-ДПМНЕ вели дека позитивно ја оценува работата на министерот Маневски. Донесени се бројни реформски закони во судството и правосудниот систем кои ги следат насоките од ЕУ, а тоа подразбира и департизација и деполитизација на судството, вели Петрески.
„Опозицијата има одредени забелешки кои секогаш и секому можат да се дадат и истите цениме дека се паушални и дека не претставуваат сериозна причина заради која треба да се преиспитува работата на министерот.“
Опозицијата има одредени забелешки кои секогаш и секому можат да се дадат и истите цениме дека се паушални и дека не претставуваат сериозна причина заради која треба да се преиспитува работата на министерот