Придавката „македонско“ за време на претседавањето на Македонија со Комитетот на Министри во Советот на Европа се проблематизира. Грција ги инфoрмира сите партнери во Советот на Европа дека придавката „македонско“ не е во согласност со резолуцијата на ОН и на СЕ. Во моментов станува збор за борба за позиции меѓу двете држави и политичка игра, велат експертите.
Придавката ,,македонско“ за Претседателството на Македонија со Комитетот на Министри во Советот на Европа е во согласност со досегашната востановена практика и решението се координара со телата на оваа организација и со Генералниот секретар на СЕ, Јагланд, велат во Министерството за надворешни работи, на прашањето дали оваа одлука можеме да ја сметаме за донесена, а согласно и со изјавата на Јагланд дека договорот треба да биде разгледан и од Комитетот. Холандската амбасадорка во Скопје, Симон Филипини во интервју за Радио Слободна Европа кое што ќе се емитува в недела предупредува и дека станува збор и за меѓунарони правила на игра во кои Макеоднија во СЕ се нарекува ПЈРМ, се додека не се дојде до взаемно прифатливо решение за името“
„Советот на Европа секогаш стриктно се држи до името Поранешна Југословенска Република Македонија како и во контекст на ЕУ како што е случај и во контекст на ОН. Така што не знам дали ова ќе помине. Не знам дали е добра стратегија но мислам дека постојат правила на игра коишто се востановени. Немам лично мислење за ова, но до сега во меѓународен контекст, во официјалните меѓународни организации, Македонија беше нарекувана ПЈРМ се додека не се најде соодветно заеднички прифатливо решение за двете страни“, изјави Филипини.
Пратеникот Андреј Жерновски очекува дека последниот збор сепак ќе го има највисоката инстанца во Советот на Европа, Комитетот на министри, така што одлуката не ја смета за конечно донесена.
,,Она што е добро е дека имаме поддршка која што и јавно е декларирана од највисокиот функционер тоа е Генералниот секретар на Советот на Европа, меѓутоа се уште сме далеку од одлука.“
Грција продолжува со реакциите. Таа ги инофрмира сите партнери во Советот дека придавката ,,македонско“ не е во согласност со резолуцијата на ООН и на СЕ. Во моментов станува збор за борба за позиции меѓу двете држави и политичка игра која што нема да заврши ниту со ќар ниту со зијан на која и да е двете страни, вели професор Мерсел Биљали.
,,Кога се тавки политичките односи, секое зборче кое што асоцира на нешто се проблематизира тоа е факт, меѓутоа нема да има поголеми последици од тоа.“
На грчка страна не треба ваквиот потег да се гледа како на провокација, додава Жерновки, при што алармот не треба да го вклучуваме самите ние.
Советот на Европа секогаш стриктно се држи до името Поранешна Југословенска Република Македонија како и во контекст на ЕУ како што е случај и во контекст на ООН. Така што не знам дали ова ќе помине.