По одлука на Советот на родителите, околу 800 основци од Основното училиште „Магдалена Антова“ во Куманово, започнаа со бојкот на наставата. Причина за бојкотот е неупотребата на новата фискултурна сала во училиштето, која сеуште не е пуштена во употреба поради немање на техничка документација.
По одлука на Советот на родителите, околу 800 основци од Основното училиште „Магдалена Антова“ од кумановската приградска населба Карпош започнаа со бојкот на настава поради неупотреба на новоизградената фисклутурна сала „Панко Брашнаров“, во дворот на училиштето. Мал дел од неинформираните основци пристигнале на училиште, но веднаш се вратени дома. Фискултурната сала премиерот Груевски ја пуштил во употреба во јули минатата година, но техничката документација за употреба на салата не пристигнала. Како што велат родителите тоа укажува на несоодветна комуникација помеѓу локалната и централната власт, односно Агенцијата за млади и спорт и Комисијата за технички прием. Документацијата од надлежната Агенција пристигнала деновиве. Поради тоа сметаат родителите оснвците наставата по физичко воспитување биле принудени да ја одржуваат во училници. Лидија Ланг Спасовска началничка на Секторот за урбанизам во локалната самоуправа во Куманово информира дека е во тек разгледување на документацијата која пред два дена Агенцијата за млади и спорт ја доставила до Комисијата за технички прием и доколку таа даде зелено светло ќе биде потпишана и издадена употребната дозвола.
Емилија Јакимовска од Советот на родителите вели:
„Ние знаеме што значи бојкот на настава, но свесни сме и дека дел од нашите деца кои боледуваат од астма, од алергии, мораат спортските активности да ги изведуваат во училници, а потоа во истите училници да продолжат со настава.“
Бојкотот е поради извршување притисок врз надлежните да преземат мерки за издавање употребна дозволасо што учениците ќе можат да ја користат новата спортска сала.
„Спортската сала е целосно употреблива. Недостасуваат само некои документи. Многу итно треба да се издадат, за да не ги ставаме нашите деца во заложба, туку да имаат фискутурна сала“, вели родителот Жарко Димитријевиќ.
Доколку до петок не биде добиена употребната дозвола за спортската сала родителите најавуваат продолжување на бојкотот на наставата и наредната седмица. Тие додаваат дека поради инсталирање компјутери во училиштето наставата по физичко воспитување целосно ќе биде оневозможена и во училниците.
Ние знаеме што значи бојкот на настава, но свесни сме и дека дел од нашите деца кои боледуваат од астма, од алергии, мораат спортските активности да ги изведуваат во училници, а потоа во истите училници да продолжат со настава.
Емилија Јакимовска од Советот на родителите вели:
„Ние знаеме што значи бојкот на настава, но свесни сме и дека дел од нашите деца кои боледуваат од астма, од алергии, мораат спортските активности да ги изведуваат во училници, а потоа во истите училници да продолжат со настава.“
Бојкотот е поради извршување притисок врз надлежните да преземат мерки за издавање употребна дозвола
Недостасуваат само некои документи. Многу итно треба да се издадат, за да не ги ставаме нашите деца во заложба, туку да имаат фискутурна сала.