Хрватската премиерка во насилно одземен стан

Загреб

Во Хрватска деновиве повторно е актуелизиран црниот период на нелегални иселувања, кога во текот на деведесетите години им се одземаа станови, главно на Србите и на членови на поранешната ЈНА.
Само во текот на 1994 година во Хрватска биле извршени околу 10 илјади такви исселувања, вели претседателот на Хрватскиот Хелсиншки Комитет Иван Звонимир Чичак, додавајќи дека и самиот присуствувал на некои од нив:

„Тие доаѓаа и им кажуваа: имате десет минути да заминете само со личните документи. Сите работи им биле одземани, целата нивна историја, а мебелот потоа го продаваа.“
Хрватската премиерка Јадранка Косор

Жртва на едно такво бесправно преселување е и 50-годишниот Момир Дробац кој јавно проговори за драмата што тој и неговиот брат ја прежиевале затоа што татко им бил офицер на поранешната ЈНА. Нивниот стан од 90 квадратни метри им бил одземен и предаден на инвалид на Татковинската војна, по што во станот се преселила сегашната премиерка Јадрнака Косор.

Претседателот на Граѓанскиот одбор за човекови права Зоран Пусиќ кој исто така присуствувал на десетици насилни преселувања вели дека браќата Дробац минале добро со оглед на тоа што им бил даден алтернативен стан. Повеќето од исселените, вели тој, биле оставани на улица. Таков бил случајот и со Слободанка Поштиќ, професорка по англиски и руски јазик на тогашната Воено техничка академија и самохрана мајка.
Некакви типови упаѓаат во стан, го одземаат, го чистат од недвижености и по неколку месеци се исселуваат од него, па на нивно место доаѓа некој друг кој нема никаква врска со протерувавањето.

„Тоа е усташко партизански модел. Најпрвин дојдоа усташите и ги иселија Евереите и Србите, Потоа дојдоа партизаните, па наместо да ги вратат Евреите и Србите се вселија во нив. Впрочем, Туѓман живееше во стан на една Еврејка“, вели Чичак.

Политичкиот аналитичар, професор Жарко Пуховски смета дека хрватската премиерка и во 1995 година и денес требаше да биде свесна дека тој стан бил едноставно грабнат.

„Јас пак повторувам. Не гледам нејзина правна одговорност, но јас да се наоѓам во тој стан, тоа е како што се нарекува крадење и прекрадење што се уште е опис на многу таканаречени правни работи на Балканот, никој не би ме обвинил дека сум виновен. Но, човек сам мора да покаже чувство на морална одговорност.“

Зоран Пусиќ вели дека тоа не било случај само со премиерката Косор. Според него, станувало забор за испланиран модел на насилно одземање станови:

„Некакви типови упаѓаат во стан, го одземаат, го чистат од недвижености и по неколку месеци се исселуваат од него, па на нивно место доаѓа некој друг кој нема никаква врска со протерувавањето“, вели Пусиќ.

Тој додава дека за него посебен проблем претставуваат сегашните обиди и напори сите овие случаи да се оправдаат.