Повеќето хрватски политичари мислат дека Луња беше единственото решение на неколку годишната окупација на голем дел од хрватската држава. Сепак, тие не се согласуваат со тезата дека таа беше туѓманово решение на српското прашање во Хрватска:
,,Сигурно дека имало и такви кои сметале оти на таков начин, значи со договорот со Милошевиќ што му претходеше на Луња, се решава таканареченото српско прашање, односно дека голем дел од србите ќе заминат. Но, тоа не беше официјална политика.,,
Вели потпретседателката на Хрватската народна партија и кандидат за потпретседател на Хрватска Весна Пусиќ. Паретникот на србите во хрватскиот Сабор Милорад Пуповац за егзодусот на србите смета дека се виновни тогашните претседатели Туѓман и Милошевиќ и меѓународната заедница:
,,Не смееше да се допушти премолчниот договор, за кој знаеа сите, да биде спроведен и со воени средства да се интегрира територијата на Хрватска. Луѓето не очекуваа дека ќе бидат протерани.,,
Вели Пуповац. Еден од учесниците во операцијата Дамир Кајин пак, со оценката дека Луња беше единствената опција за решавање на бунтот на србите во Краина и оти таа била поддржана од Соединетите држави и Европа, сепак додава:
,,Проблемот настана десет дена по завршувањето на Луња. Имавме грабежи и палења на скоро 20 000 згради. Тоа не можеше да се случи без знаење на хрватското раководство, а со цел србите да не можат да се вратат.,,
Дел од нив вчера се собраа во Белград на сеќавање на жртвите од акцијата и уште еднаш да побараат решавање на нивните имотни проблеми:
,,Од 95 та сум во Србија. Бегавме пред Луња. Три вили, две двокатни куќи и една еднокатна. Тоа имавме. Бевме богати, сега немаме ништо во Србија. Ниту некој не познава.,,
,,Ќе умрам во беда. Ние петмина живееме без ништо.,,
изјавуваат некои од протераните срби кои уверени дека нивната татковина не ги слуша нивните пораки сакаат да го свртат вниманието на меѓународната заедница:
,,Хрватска пред да влезе во Европската унија мора да исполни некои норми, односно да го врати имотот.,,
Вели претседателот на Асоцијацијата на србите од Хрватска Милојко Будимир. Сепак, најболно за нив е што скоро деценија ипол ништо не знаат за судбината на оние што по Луња се уште се водат како исчезнати.

Проблемот настана десет дена по завршувањето на Луња. Имавме грабежи и палења на скоро 20 000 згради. Тоа не можеше да се случи без знаење на хрватското раководство...