Изложба на Јан Брандес

Скопје

Светење во темнината е насловена изложбата на Јан Брандес, фотограф од Хамбург – Германија, што ќе биде отворена во 20 часот, во Музеј на град Скопје. Поставката љубителите на уметноста ќе може да ја проследат до 15 април, а овој редок културен настан како организатори го потпишуваат НВО Контрапункт и Отвореното графичко студио.
Секое општество има свои идоли, кои просветлуваат од мрачноста на толпата. Предметите на нашето внимание можат да бидат поинакви во различните културни контексти и дури и нашите во нив проектирани желби го дополнуваат нивното значење. Јан Брандес се занимава со трансформацијата на овој многустран феномен преку општествените промени во денешно време. Лајтмотивот на неговата работа е да ги внесува и спротивставува различните, стари и нови, форми на воодушевување. Набљудуваните сцени даваат мешавина на култура за забава, фетиш, помодарство, патриотизам, религија, секс и херојство...Ова ќе го запише Вибке Штадлер од НВО Контрапункт во пресрет на отворањето на изложбата Светење во темнината, која ќе се одржи во Отвореното графичко студио во Музеј
Навистина е чест што имаме можност скопската публика да се сретне со делата на Јан Брандес.
на Град Скопје. Јан Брандес, роден 1977 година, живее и твори во Хамбург. Од 2005 година работи како уметник и самостоен фотограф. Во 2006 беше еден од победниците на фотографскиот натпревар за млади уметници организиран од Гете институтот во Минхен и Адам Мицкиевич – институтот во Варшава. Неговите дела досега биле претставени на повеќе изложби во Германија и во Источна Европа. Тежиштето на неговите фотографски есеи е во полето на општествено ангажираните теми. Во Светење во темнината Јан Брандес се занимава со феноменот на почитувањето.За оваа несекојдневна поставка и за творештвото на уметникот, Атанас Ботев – раководител на Отвореното графичко студио при Музеј на град Скопје, ќе рече:

,,После долго време се случува изложба на фотографии затоа што студиото ги третира сите медиуми како алтернативен простор, значи не е фиксно насочено кон класичните ликовни сцени, туку ги апсорбира и останатите медиуми. Навистина е чест што имаме можност скопската публика да се сретне со делата на Јан Брандес.“

Кон ова само уште информацијата љубителите на фотографијата и воопшто на ангажираната уметност оваа изложба, која како партнери ја подржуваат и Форум мировен сервис и фондацијата Конрад Аденауер, ќе можат да ја проследат до 15 април годинава.