Ниво на политичка култура во битолскиот Совет

Совет на општина Битола

Неодамнешната расправа во општинскиот Совет на Битола го загуби вообичаеното ниво на политичка култура. Кавгата меѓу власта и опозицијата се претвори во комична ситуација со ниски навреди, иронички и саркастични критики.
Комична ситуација во битолскиот совет. Кавга меѓу власта и опозицијата со ниски навреди, иронични и сракастични критики. Еве на кое до кое ниво падна политичката култура и дискусијата во советот. Ситуација број еден- конфликот меѓу советничката Наташа Струмениковска од СДСМ и градоначалникот Талески за комунален проблем.
Убаво е некогаш да ги разликувате работите исто како што кажувавте дека жените не ги делите ни по нација ни по пол, а јас не знам како можете полово да ги поделите. Така и овој пат сте ја смешале фекалната од атмосферската канализација


Струмениковска: ,,Кога ќе се реши проблемот со канализацијата и одводот во нашата населба? Огромни се штетите по нашите имоти и нашето здравје со оглед на тоа што се поплавуваме со фекална вода која буквално извира од нашите домови. Пишувате нова атмосферска канализација за населбата Стрчин, очигледно не добила.“

Талески: ,,Не знам како гледала, зашто она што го правиме е под земја. Убаво е некогаш да ги разликувате работите исто како што кажувавте дека жените не ги делите ни по нација ни по пол, а јас не знам како можете полово да ги поделите. Така и овој пат сте ја смешале фекалната од атмосферската канализација.“

Струмениковска: ,,Со каква непочит се обраќате до мене и вашите граѓани. Инаку вашата почит кон овој совет и кон жените воопшто ја гледаме често пати, претходната седница одговоривте не знам дали советниците се задоволни или задоволени од одговорот.“

Талески: ,,Јас намерно тоа го поставив како одговор да видам во која мера ќе се испровоцира и во прилично добра мера се испровоцира. За личните ваши работи тоа е ваш личен проблем. Нели ќе се ресетиравте. Е сега од ресетот да не добивте некоја друга конфигурација.“

Ситуација број два - конфликт за инфраструктура меѓу Златко Ќурчиевски од СДСМ и Талески.

Ќурчиевски: ,,Кога следниот пат господинот Груевски ќе поминува низ Битола, да помини низ што е можно повеќе градски улици.
Не е ставен споменикот на постољето, кое мене ми личи на надгорбен споменик. Сигурно сте биле во Белград, се разбира шетате лево-десно. Дали некој ви има речено ќе се најдеме ,,код Коња?“
Само таму каде што помина Груевски при неговата мината посета се стави ладна асфалтна маса на дупките.“

Талески: ,,Сега вие сте по шетањето многу, и убаво е да ги донесите вашите лидери што ги шетате во регионов за да им кажете какви улици во наследство ни оставивте.„

Ситуација број три - конфликот меѓу актерот и советник Борис Чоревски, и поранешниот негов колега, актуелен градоначалник Талески за неговото потпишување на постаменот од споменикот на Филип Втори.

Чоревски: ,,Не е ставен споменикот на постољето, кое мене ми личи на надгорбен споменик. Сигурно сте биле во Белград, се разбира шетате лево-десно. Дали некој ви има речено ќе се најдеме ,,код Коња?“ Не, не не е смешно зашто единственото место во Белград не го викаат пред Народно позориште. И не викаат ќе се најдеме тука, туку ,,код Коња“. А тој коњ сигурно има име на него се знае кој е. Вашето име стои на овој споменик, дали дадовте банка од вашите пари за да го изградите тој споменик?“

Талески: ,,Абе кога ќе ставате кандидати за советничка листа малку некој критериум да имате. На споменик кај сте виделе постоље да има. Некоја макета ако е. Чоревски многу добро знае дали сум бил во Белград, оти со него бев, ама во едни добри времиња кога работевме сите во интерес на театарот, сега е нешто сосема поинаку.“