Партнерството, полиција – заедница дава резултати

Примената на концептот за партнерство меѓу полицијата и заедниците, кој своите почетоци ги има во САД, а потоа и во Европа, во нашава земја со помош на ОБСЕ се применува по 2001 година и во општина Дебар дава добри резултати.
Соработката на полицијата со заедниците се реализира преку веќе создадените пет советодавни групи на граѓани кои третираат проблеми од повеќе сфери и видно е зголемен бројот на трети лица кои пријавуваат во полициската станица прекршочни и кривични
Преку работата и редовното состанување на членовите на советодавните групи на граѓани во Дебар , состојбата на безбедносен план е значително подобрена , посебно во делот на пријавите на кривичните дела и прекршоци од трети лица.
дела.

„Преку работата и редовното состанување на членовите на советодавните групи на граѓани во Дебар, состојбата на безбедносен план е значително подобрена, посебно во делот на пријавите на кривичните дела и прекршоци од трети лица. Ако во 2008 година немаше такви пријави и се пријавуваа само од страна на оштетените, податоците во минатата година говорат дека бројот на пријавите од трети лица е видно зголемен. И покрај тоа што нивото не е она потребното, сепак стои оценката дека има добри резултати на овој план и веруваме дека состојбата така ќе продолжи“, истакнува кординаторот на овој проект, инспектор по превентива во Полициската станица во Дебар, Милаим Абази .

Абази вели дека во подобрувањето на безбедносната состојба во општина Дебар, која е на самата граница со Албанија, влијае и добрата соработка на македонската и албанската полиција

„Со протоколите за соработка меѓу граничните полиции на Македонија и Албанија е вопспоставен систем на редовна комуникација и за секој настанат проблем ние сме во постојана координација . Воедно треба да се нагласи дека по барање на нашата полиција се преземаат и активности од страна на албанската полиција.“

Бројни се случаите кога на барање на македонските власти, албанските власти притвораат и осудуваат албански државјани, кои во Македонија извршиле разни дела.