Реформите во сенка на спорот за името

Евро-дипломатите предупредија дека реформскиот процес во Македонија останува важен во европската агенда. Според експертите, власта треба да го забрза донесувањето и имплементирањето на „европските“ закони.
Изминативе неколку месеци по добивањето на позитивниот извештај од страна на ЕК покажаа дека спорот за името го стави во втор план реформскиот процес, но дека тој останува важен за Европската агенда на што укажуваа неколкупати и еврокомесарот за
Сметам дека со самото решавање на името, владата и собранието ќе мора да се дадат во максимални заложби за отстранување на останатите проблеми, односно за решавање на реформскиот процес, иако сметам дека ќе има малку време за постигнување некаков успех, па можеме да се доведеме во ризик тие реформи да немаат и некаков посебен конкретен резултат.
проширување Штефан Филе и амбасадорот на ЕУ во Македонија Ерван Фуере. На европската агенда не треба да се работи само пред објавување на клучните извештаи гласат пораките.

Навраќањето кон реформите ќе биде најважно

Во клучен момент навраќањето кон реформите ќе биде најважно, но може да се постави проблемот на недостиг од време потребните резултати да се постигнат, предупредува професорот Ивица Јосифовиќ

„Сметам дека со самото решавање на името, владата и собранието ќе мора да се дадат во максимални заложби за отстранување на останатите проблеми, односно за решавање на реформскиот процес, иако сметам дека ќе има малку време за постигнување некаков успех, па можеме да се доведеме во ризик тие реформи да немаат и некаков посебен конкретен резултат.“

Голем дел од законите со европско знаменце треба да се донесат, а уште позначајно е и нивното имплементирање, реформите во судството, борбата против корупцијата, човековите права, се области во кои се бара напредок но видно се стагнира, вели Јосифовиќ.

„Во моментов би рекол дека работата стагнира. Собранието многу повеќе се занимава со непотребни работи, наместо да ги пушти законите коишто стојат во владата или се се уште во комисиите на собранието, а коишто се со европски знак.“
Во Македонија треба да почне поширок процес на политички дијалог, треба да се воспостави јакнење на соработката на владата со граѓанскиот сектор.

Политичкиот дијалог на ниво на партиски дијалог

Освен тоа постојаните барања за нормално одвивање на политичкиот дијалог се уште останува на ниво на партиски дијалог, како и односот и комуникацијата со граѓанскиот сектор се области на коишто се уште имаме забелешки и во кои ќе се бара напредок, вели аналитичарот Љуљзум Хазири.

„Во Македонија треба да почне поширок процес на политички дијалог, треба да се воспостави јакнење на соработката на владата со граѓанскиот сектор.“

Како припадник на невладиниот сектор, тој потсетува на забелешките коишто ги доби од Европа законот за антидискриминација. Не треба да се заборава дека Македонија ја очекува повторно оценување во следниот извештај на ЕК. Меѓу другото, препораката во претходниот извештај беше дадена и врза основа на дадени ветувања за напредок којшто се очекува. Законот за антидискриминација и имплементација на реформите во јавната администрација се дел од очекувањата .