Македонскиот премиер Никола Груевски в среда и четврток се среќава со високи претставници на ЕУ и со премирот на Грција Јоргос Папандреу. Според експертите, нема индикатори дека нешто во изминатиот период се случувало зад сцена и дека средбите се подготвени.
Пред најавената четврточна средба со грчкиот премиер Јоргос Папандреу, премиерот Никола Груевски в среда во Брисел ќе се сретне со претседателот на Европскиот совет Херман ван Ромпеј, информираат од македонската влада. Тоа ќе биде прва средба на премиерот Груевски со претседателот на Европскиот совет.
Во владата информираат дека е предвидено в среда, Груевски да се сретне и со еврокомесарот за проширување Штефан Филе и со претседателот на Европскиот парламент Јиржи Бусек. Во четврок на агендата е и средба на Груевски со претседателот на Европската народна партија Вилфрид Мартенс.
Во владата велат дека средбата на Груевски со Папандреу „е дел од напорите во функција на процесот за изнаоѓање на взаемно прифатливо решение за името, кој се води под покровителство на ОН“.
Груевски вчера рече дека сите напори се насочени кон изнаоѓање решение, но не соопшти кои му се очекувањата од средбата.
„Да не одиме со предвремени прогнози, неблагодарно е, навистина се работи за многу тежок и сериозен проблем.“
Професор Стево Пендаровски, пак, вели дека е скептичен дека средбите во Брисел може да дадат резултат.
„Значи ние мислиме дека ако нашиот премиер се среќава со три – четири клучни фигури во ЕУ и со грчкиот премиер дека нешто претходно е добро подготвено и дека сега само треба да се официјализира или да се расчистат некои преостанати битни прашања. Мојот впечаток е дека се работи за средба заради средба и со европските соговорници и со грчкиот премиер. Не можам да видам ниту еден индикатор дека нешто во изминатиот период зад сцена се случувало, дека тие средби се подготвени.“
Пред две недели, шефот на дипломатијата Антонио Милошоски соопшти дека има најави дека до крајот на месецов посредникот на ОН во спорот за името Метју Нимиц ќе ги повика македонскиот и грчкиот преговарач Зоран Јолевски и Адамантиос Василакис на нова средба. Во МНР велат дека се уште очекуваат посредникот Нимиц да закаже термин за средба.
Пендаровски вели дека тоа што веднаш по посетата на Нимиц на Скопје и Атина немаше најава за нови средби значи дека претходната рунда преговори била потполно бескорисна и немала никаков ефект.
„И сега ако се случи евентуално нова рунда преговори, ќе биде обид на Нимиц да го рестартира, инаку објективно замрениот, да не кажам сосема умртвениот процес на преговарање.“
Груевски и Папандреу се сретнаа на крајот на октомври мината година во Брисел и еден месец подоцна во Преспа.
Да не одиме со предвремени прогнози, неблагодарно е, навистина се работи за многу тежок и сериозен проблем.
Во владата информираат дека е предвидено в среда, Груевски да се сретне и со еврокомесарот за проширување Штефан Филе и со претседателот на Европскиот парламент Јиржи Бусек. Во четврок на агендата е и средба на Груевски со претседателот на Европската народна партија Вилфрид Мартенс.
Во владата велат дека средбата на Груевски со Папандреу „е дел од напорите во функција на процесот за изнаоѓање на взаемно прифатливо решение за името, кој се води под покровителство на ОН“.
Груевски вчера рече дека сите напори се насочени кон изнаоѓање решение, но не соопшти кои му се очекувањата од средбата.
Мојот впечаток е дека се работи за средба заради средба и со европските соговорници и со грчкиот премиер. Не можам да видам ниту еден индикатор дека нешто во изминатиот период зад сцена се случувало, дека тие средби се подготвени.