Поранешниот министер за надворешни работи Слободан Чашуле вели дека инвовлирањето на унијата во спорот меѓу Македонија и Грција би можело да биде поволно за Македонија
„Со тоа Унијата би ја прифатила и би ја гарантирала времената спогодба а таа предвидува Грција да не и' пречи на Македонија да се интегрира во мултилатералните организации. Што значи, кога ќе стане документ гарантиран од ЕУ, тогаш Грција ќе треба да се согласи веднаш да добиеме датум за преговори. “
Европа може да оди по моделот на Словенија и Хрватска во однос на Македонија и Грција, додава Чашуле
„Унијата може да се вклучи во процесот, а како преседан да се искористи ситуацијата со Словенија и Хрватска иако таму форматот на учеството на Унијата е поинаков, но веќе овозможува билатералните спорови да се решаваат на начин кој веќе еднаш се покажал како продуктивен.“
Професорот Мерсел Биљали смета дека раздвојувањето на медијацијата на два центри би и било од корист на земјава
„Мое мислење е дека што повеќе центри се вклучуваат во притисокот кон двете страни може да биде позитивно. Според тоа, сега проблемот е повеќе проблем на морал на ЕУ и таа е одлучна да го реши тој проблем.“
Биљали додава дека фактот што Грција е земја членка на ЕУ нема да ги загрози позициите на Македонија, доколку ЕУ се вклучи како медијатор во спорот:
„И не гледам дека тоа е штетно, наспроти многуте експерти кои мислат дека со тоа ќе ослабнат позициите на Македонија, затоа што Грција е членка на ЕУ, не се согласувам со таа констатација, мислам дека ЕУ во целина сака да го реши проблемот на балансиран начин.“
Со тоа Унијата би ја прифатила и би ја гарантирала времената спогодба, а таа предвидува Грција да не и пречи на Македонија да се интегрира во мултилатералните организации. Што значи, кога ќе стане документ гарантиран од ЕУ, тогаш Грција ќе треба да се согласи веднаш да добиеме датум за преговори.И не гледам дека тоа е штетно, наспроти многуте експерти кои мислат дека со тоа ќе ослабнат позициите на Македонија, затоа што Грција е членка на ЕУ