Милошоски без коментар за средбата Папандреу - Обама

Без коментар за средбата на Папандреу со Барак Обама и Бил Клинтон, Министерот за надворешни работи Антонио Милошоски рече дека интересот на Европа за билатералниот спор меѓу Македонија и Грција е од корист за македонската страна
„Во Кордоба на министерскиот состанок што го организираше шпанското претседателство, Комесарот Филе ме извести за неговиот интерес за остварување на контакти со господинот Метју Нимиц, ние немаме ништо против. Сметаме дека дополнителното информирање на врвните членови на ЕК во однос на билатералниот спор којшто Грција го злоупотребува во контекст на европските интеграции, Македонија може да има само корист.“
Во Кордоба на министерскиот состанок што го организираше шпанското претседателство, Комесарот Филе ме извести за неговиот интерес за остварување на контакти со господинот Метју Нимиц, ние немаме ништо против.

Навраќајки се на предлог договорот за добрососедска соработка со Бугарија, Милошоски рече дека земјава се цели кон одржување на добрососедски односи со бугарските власти и додаде

„Ние имаме добри намери, добри чувства кон сите соседи, така и кон Република Бугарија. Сметаме дека секоја добронамерна иницијатива заслужува да биде разгледана на доверлив начин за да можеме да извлечеме некоја корист од било кои предлози. Предлог договорот којшто беше понуден од страна на Република Бугарија се анализира во нашето министерство и во други институции коишто можат да дадат мислење.“

Запрашан дали може да се очекува поактивно инволвирање на Соединетите Американски држави во грчко – македонскиот спор, Милошоски одговара

„Па, нивниот интерес е постојан во изминативе години зад нас и очекуваме тој да продолжи.“

Министерот денеска се обрати пред комисијата за надворешна политика и изрази благодарност и задоволство од досегашната билатерална соработка меѓу македонија и САД. Милиошоски дополнително изрази надеж дека во иднина ќе се зголеми бројот на американски странски инвеститори. Пред комисијата се обрати и министерот за економија Фатмир Бесими кој изрази задоволство од добрата координација меѓу властите и Агенцијата на Соединетите американски држави за меѓународен развој:

„Со други зборови, на крај само би сакал да изразам голема благодарност на оваа континуирана соработка со УСАИД и САД воопшто и во поддршка на нашите напори да создадеме поповолна бизнис клима и услови за подобар економски раст и животен стандард за нашите граѓани.“