Денешната лидерска средба на која се разговараше за уставни измени во делот на Судскиот совет заврши без договор. Лидерите на четирите најголеми политички партии се договорија да одржат уште една средба на која детално ќе ги разгледаат конкретните предлози.

На лидерската средба присуствува лидерите на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, на СДСМ, Бранко Црвенковски, на ДУИ, Али Ахмети и на Нова демократија, Имер Селмани. Како и на последните некoлку лидерски средби, и овојпат не дојде првиот човек на ДПА Мендух Тачи. По средбата во Клубот на пратеници, што траеше околу еден час, единствено лидерот на ДУИ Али Ахмети си замина и не одговори на новинарските прашања. Груевски информира дека иницијативата за уставни измени содржи неколку клучни работи - да се зголемибројот на членови на Судскиот совет избрани директно од судиите, министерот за правда да не е член на Советот и да се скрати мандатот на членовиоте кој сега е шест години.
„На крајот договоривме, да ја изготвиме последната фаза, како би изгледала последната фаза кога би се согласиле сите, односно нацрт амандманот и за некое време повторно да се собереме, да го издискутираме тоа и да видиме како понатаму ќе одат работите.“
Лидерот на СДСМ Бранко Црвенковски изјави дека ќе го почека предлогот за измени во писмена форма, пред да се изјасни дали е прифатлив за нив.
„На денешната средба чувме само едно кратко, воведно, усмено објаснување од страна на премиерот во општи назнаки и без конкретни решенија кои што се предлагаат.“
Тој рече дека на средбата уште еднаш посочил дека уставните измени се сериозна работа која бара претходна целосна подготовка.
„Да се избегне ризикот низ постапката тоа да стане лицитиација и правење на список на желби, да тргнеме со една идеа, а потоа низпроцесот да добиеме нешто како продукт во финална фаза кое што никој ниту го претпоставувал, а уште помалку го сакал. На тој начин би избегнале и евентуални партиски пазарања, уценувања и тензии.“
Лидерот на Нова демократија Имер Селмани вели дека побарал измени и во делот на одлучување на Уставниот суд.
„Треба принципот на Бадентер, двојното гласање да се примени за сите закони кои што по иста постапка се носат во Парламентот или на ниво на општините, за да ја спречиме мајоризацијата.“
Селмани рече дека лидерот на ДУИ Али Ахмети ја побарал оваа негова иницијатива во писмена форма. Селмани вели дека неговиот предлог е во духот на рамковниот договор. Тие предлози сепак не се прифатливи за ВМРО-ДПМНЕ.
„Кога зборуваме за ,,духот", тоа е една растеглива категорија и секогаш може да се додаваат или менуваат некои работи и јас тоа повеќе го разбирам како менување на Охридскиот рамковен договор за што мислам дека не е баш добар момент, и мислам дека не само што не е време, туку дека и воопшто не треба менување, туку да се концентрираме на спроведување“, рече Груевски.
Груевски рече дека постои потреба и од Закон за Уставен суд, но оти не е сигурен дека во моментов има политичка клима за таков закон.
Селмани избегна да одговори дали прифаќањето на неговите барање ќе биде услов за подршка на измените во делот за судски совет.
На лидерската средба присуствува лидерите на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, на СДСМ, Бранко Црвенковски, на ДУИ, Али Ахмети и на Нова демократија, Имер Селмани. Како и на последните некoлку лидерски средби, и овојпат не дојде првиот човек на ДПА Мендух Тачи. По средбата во Клубот на пратеници, што траеше околу еден час, единствено лидерот на ДУИ Али Ахмети си замина и не одговори на новинарските прашања. Груевски информира дека иницијативата за уставни измени содржи неколку клучни работи - да се зголеми
На крајот договоривме, да ја изготвиме последната фаза, како би изгледала последната фаза кога би се согласиле сите, односно нацрт амандманот и за некое време повторно да се собереме, да го издискутираме тоа и да видиме како понатаму ќе одат работите
„На крајот договоривме, да ја изготвиме последната фаза, како би изгледала последната фаза кога би се согласиле сите, односно нацрт амандманот и за некое време повторно да се собереме, да го издискутираме тоа и да видиме како понатаму ќе одат работите.“
Лидерот на СДСМ Бранко Црвенковски изјави дека ќе го почека предлогот за измени во писмена форма, пред да се изјасни дали е прифатлив за нив.
„На денешната средба чувме само едно кратко, воведно, усмено објаснување од страна на премиерот во општи назнаки и без конкретни решенија кои што се предлагаат.“
Тој рече дека на средбата уште еднаш посочил дека уставните измени се сериозна работа која бара претходна целосна подготовка.
„Да се избегне ризикот низ постапката тоа да стане лицитиација и правење на список на желби, да тргнеме со една идеа, а потоа низ
На денешната средба чувме само едно кратко, воведно, усмено објаснување од страна на премиерот во општи назнаки и без конкретни решенија кои што се предлагаат