Хендикепираните лица се жалат дека имаат многу проблеми во секојдневниот живот. Почнувајќи од третманот, па се до архитектонските бариери. Маргинализирани се чувствуваат и хронично болните
Главен хендикеп за хендикепираните и натаму претставува немањето слух на државата за оваа категорија на луѓе. Судбината на лицата со посебни потреби, како и на хронично болните постојано е изложена на ризик и неизвесност.
Наместо да се чуствуваме како рамноправни граѓани, ние сме дискриминирани, вели за Слободна Европа Бранкица Димитриовска.
„Со мој другар кој е во количка, сакавме да влеземе во кафе-бар, но не ни дозволија. Се гледаше која е причината“
37-годишната скопјанка чиј живот целосно се сменил по една сообраќајна несреќа останувајќи инвалид, раскажува за секојдневите животни проблеми со кои таа се соочува. И архитектонските бариери го ограничуваат и отежуваат движењето на овие луѓе.
„Ја нема пред се онаа стрмнина за да се спуштам од тротоар на улица. Треба да ми помогне некој. Ги нема основните услови“
Веќе 10 години центрите за дијализа се негов втор дом, но секоја негова нова трерапија станува се по неподнослива. Претседателот на здружението на бубрежно болни „Нефрон“ Спиро Мицоски за Слободна Европа, открива со каква голгота се соочуваат овие пациенти.
„Пациентите се незадоволни од третманот, условите, лекарствата. Сега се плашат и за проблемот со набавка на дијализери“
Сликата не е розова ниту со болните од карцином.
Недостигот од цитостатици, хаосот и неорганизираноста која владее низ клиничките центри се само дел од причините поради кои многу често пациентите се принудени сами да си ги набавуваат лекарствата од странство.
„Ние правиме се, луѓето болни од карцином да не се чувствуваат маргинализирани“
вели пејачката Биба Додева која е претседател на здружението „Борка“ кое се бори за правата на болните од рак.
„Здравствените работници го даваат својот максимум. Но тие се под постојан притисок, зашто сето тоа се прави со алхемиски методи во постојните рамки“
Оценува проф. Доктор Оливер Каранфиловски од одделот за за Хематологија на клиничкиот центар во Скопје.

Ја нема пред се онаа стрмнина за да се спуштам од тротоар на улица - ги нема основните услови