Македонија станува поотпорна на прелевање на конфликтите од соседството, велат домашните експерти. Според нив, големи судири не се можни не само поради меѓународната заедница туку и поради тоа што нема ниту политичка волја ниту економски ресурси за нова војна меѓу ентитетите на Балканот.
„До 2003 и 2004 беше можно регионалната динамика да ја диктира внатрешната динамика во Република Македонија, меѓутоа таков тип на прелевање на кризи, не гледам дека сега со можни со таква силина. И затоа мислам дека ако Македонија во наредниот период има воопшто проблеми со политичката или безбедносната стабилност, тоа ќе доаѓа пред се, или исклучиво од внатрешни извори.“
Пендаровски вели дека политичката и безбедносна состојба во земјава, сега во најголем дел зависи од случувањата во Македонија.
„Во последниве две три години Македонија во доминантен дел зависи од својата внатрешна динамика, значи стабилноста, безбедноста и перспективите на државата, многу поважно е како внатре ќе го менаџираме столбот од којшто зависи внатрешната стабилност, значи меѓуетничките односи.“
Неодамна, шефот на цивилната мисија на Косово, Питер Фејт ја претстави стратегијата за враќање на северниот дел на Косово под надлежност на приштинските власти. Со неа се предвидува примена на законите на Косово во зоната околу Косовска Митровица, како и формирање нова општина Северна Митровица, до средината на оваа година.
Косовските Срби, пак, реагираа дека во таков случај не се исклучува и можноста од немири што ќе ја дестабилизираат состојбата.
Шефот на српската дипломатија Вук Јеремиќ завчера во Будимпешта изјави дека кога Србија би била принудена да избира меѓу ЕУ и Косово, би го избрала Косово.
Аналитичарот Алберт Муслиу не верува вели дека се можни поголеми ескалации на судирите на Балканот.
„Ескалација поголема во Косово не верувам, затоа што имаме големо присуство на НАТО војници, голема база на американската војска, така што поголема ескалација не верувам, а инциденти секогаш се можни.“
Пендаровски се согласува со тоа и додава дека големи судири не се можни не само поради меѓународната заедница туку и поради тоа што нема ниту политичка волја ниту економски ресурси за нова војна меѓу ентитетите на Балканот.
Денеска и утре во шпанскиот град Кордоба се одржува неформален состанок на министрите за надворешни работи на земјите-членки на Европската унија.
Шефовите на дипломатиите на земјите-кандидати за членство во ЕУ, меѓу кои и Македонија, традиционално учествуваат на завршната сесија на неформалниот состанок, на која се разгледуваат актуелни надворешно-политички прашања.
За време на состанокот ќе се дискутира за состојбите во регионот на Западен Балкан, како подготовка за состанокот на високо ниво за Западен Балкан кој е предвидено да се одржи кон крајот на мај или почетокот на јуни во Сараево. Притоа, посебен акцент ќе биде ставен на состојбите во Босна и Херцеговина и во Косово.