Односите помеѓу Србија и Македонија нема да се нарушат, велат дел од експертите по изјавата на српскиот претседател Борис Тадиќ, дека неговата земја никогаш нема да го признае договорот за демаркација на границата помеѓу Македонија и Косово. Тадиќ му укажал на претседателот Иванов при нивната неодамнешна средба дека Србија по никоја цена нема да го прифати договорот, затоа што тој е поврзан со зачувување на интегритетот на неговата земја. Високи дипломатски извори велат дека Србија намерно го држела отворено ова прашање, иако досега била во можност да го реши. Ние сме договорени дека тие имаат еден став, ние друг велат тие. Изјавата на Тадиќ не е нешто невообичаено, таа е во склоп со нивната надворешна политика и нивното непризнавање на Косово, вели политикологот Жидас Даскаловски.
,,Можно е да има некакви мали провокации, во однос на онаа изјава на Јеремиќ за сојузништвото со Грција и признавањето на Скопје, меѓутоа генерално ниту тој ќе го промени курсот за Македонија, ниту Македонија кон Србија, така што тие односи ќе се развиваат економски, дипломатски, во рамките на ограничувањата дека ние сепак сме го признале Косово, меѓутоа нема да имаме некој драматични проблеми во однос на Грција."
Оваа изјава е во континуитет на една деструктивна политика, која подолго време ја води Србија и од која ни Тадиќ не отстапува. Тој не успеа да го надмине јазот во сфаќањето и третирањето на проблемите во регионот, вели политикологот Ризван Сулејмани.
,,Не мислам дека во суштина ќе промени нешто во односите меѓу Македонија и Србија, само со тоа што Србија јасно става до знаење дека таа и понатаму останала во некои соништа за некои големи Србии, за кои што мислам дека треба да сватат дека работите се променети."
Србија поведе и спор на Меѓународниот суд за правда во врска со легалноста на одлуката на Косово да прогласи независност. Тадиќизјави и дека за Македонија е важно како тој ќе се изјасни. Ако судот одлучи да го осуди едностраното прогласување на Косово, тешко дека некоја земја ќе ја повлече својата одлука за негово признавање, вели Даскаловски.
,,Дури и да постои некаква јасна пресуда која што ќе го осуди едностраното прогласување на независност ќе биде прашање, колку од земјите што веќе го признале Косово, ќе се дрзнат да на некој начин ја сменат одлуката. Јас се сомневам дека некоја од земјите ќе го направи тоа, па дури и Македонија."
Одлуката на судот се очекува во наредните месеци.
Можно е да има некакви мали провокации, во однос на онаа изјава на Јеремиќ за сојузништвото со Грција и признавањето на Скопје, меѓутоа генерално ниту тој ќе го промени курсот за Македонија, ниту Македонија кон Србија
,,Можно е да има некакви мали провокации, во однос на онаа изјава на Јеремиќ за сојузништвото со Грција и признавањето на Скопје, меѓутоа генерално ниту тој ќе го промени курсот за Македонија, ниту Македонија кон Србија, така што тие односи ќе се развиваат економски, дипломатски, во рамките на ограничувањата дека ние сепак сме го признале Косово, меѓутоа нема да имаме некој драматични проблеми во однос на Грција."
Оваа изјава е во континуитет на една деструктивна политика, која подолго време ја води Србија и од која ни Тадиќ не отстапува. Тој не успеа да го надмине јазот во сфаќањето и третирањето на проблемите во регионот, вели политикологот Ризван Сулејмани.
,,Не мислам дека во суштина ќе промени нешто во односите меѓу Македонија и Србија, само со тоа што Србија јасно става до знаење дека таа и понатаму останала во некои соништа за некои големи Србии, за кои што мислам дека треба да сватат дека работите се променети."
Србија поведе и спор на Меѓународниот суд за правда во врска со легалноста на одлуката на Косово да прогласи независност. Тадиќ
Не мислам дека во суштина ќе промени нешто во односите меѓу Македонија и Србија