Нивото на Охридското Езеро и натаму е 24 сантиметри над максимално дозволената точка. Метеролозите најавуваат нови врнежи во наредните денови, а надлежните одлучија да постават вреќи песок кај шеталиштето за да го заштити градот од поплави.
По зголемениот водостој на Охридското Езеро, што по обилните врнежи од дожд минатиот период се искачи на 24 сантиметри над максимално дозволената точка, и поради најавите за нови врнежи следниве денови, државата реши да постави неколку илјади мали вреќи со земја за заштота на зидчето на езерскиот кеј во центарот на Охрид на дел од градското шеталиште каде водата е дојдена до самата ивица на кејот и при мали бранови се излева.
„Се чудам за вреќите што ги поставуваат сега, зошто ако езерото дојде на ниво на насипот од вреќи што е низок, ќе се поплави Охрид. Се прави некој одбранбен зид, зошто веројатно се очекуваат води од планините, ако се стопи снегот наеднаш, што не верувам. Ќе фати студ, полека ќе се топи снегот и дотек ќе има во езерото, колку што ќе има и истек. Има штети посебно во Пештани и на крајбрежјето,но тоа е од подземните води. Не гледам дека катастрофа голема може да го снајде Охридското Езеро.“
вели повозрасен жител на Охрид кој памети и поголемо ниво на езерото и поплави пред неколку децении. Според експертите, многу голем удел во зголемниот водостој на езерото има начинот на кој се управува со него и се регулира на нивото преку испуштање на водата на истекот на Дрим во Струга, што е во надлежност на ЕЛЕМ.
„Дотекот на вода во езерото е доста голем, зошто постојат и подводни извори. И од Преспанското Езеро кое е поврзано преку понорите во Мала Преспа, сигурно има дотекување на вода. Од друга страна иако постои максимално дозволено ниво од 693,75 сантиметри, а водостојот е веќе висок, немаше некои мерки на внимателност, преку испуштање на вода од реката Црн Дрим. Сега сметам дека е веќе доцна нешто да се направи, после толку интензивни врнежи од дожд.“
вели хидрологот Александар Ангеловски. Градоначалникот на Охрид Александар Петрески одамна алармира за високото ниво на езерото,поплавите и последицте од тоа, но неговите изјави се дочекуваат на нож од власта, поради политичката опонентност. Засега освен поплавените домови на Пештанци, кои се полни со подземни води, најголеми штети претрпе колекторскито систем за пречистување на езерската вода, што се проценува на еден милион евра.
„Очекувам штети да се предизвикаат во колекторот и неговата работа, а може и еколошки катастрофи има. По вакви големи води и поплави, ако ја гледаме историјата, доаѓаат и земјотреси. Не дај Боже уште тоа да не снајде.“
вели Охридскиот градоначалник Петрески. Експертите кои инсистираат на промена на начинот на управување со Охридското Езеро и неговиот слив, и на целиот Дримски басен, бараат итна ревизија на договорот склучен пред 50 години меѓу Македонија и Албанија, кој според нив мора да се прилагоди на драстично изменетите услови и од климатски, и еколошки, економски и социјален аспект.
Дотекот на вода во езерото е доста голем, зошто постојат и подводни извори. И од Преспанското Езеро кое е поврзано преку понорите во Мала Преспа, сигурно има дотекување на вода. Од друга страна иако постои максимално дозволено ниво од 693,75 сантиметри, а водостојот е веќе висок, немаше некои мерки на внимателност, преку испуштање на вода од реката Црн Дрим. Сега сметам дека е веќе доцна нешто да се направи, после толку интензивни врнежи од дожд