Достапни линкови

Водостојот на Охридското Езеро во пораст


Водостојот на Охридското Езеро на рекордно високо ниво
Водостојот на Охридското Езеро на рекордно високо ниво

Водостојот во Охридското Езеро, според очевидците, е во постојан пораст. Надкежните велат дека нивото на езерото е непроменето. Во Пештани повеќе од стотина куќи имаат еден метар вода во подрумите, гаражите и летните кујни.

Од интензивните врнежи од дожд, што најмногу падна изминативе денови во Охридскиот регион, водостојот на езерото е во постојан пораст. Во недостаток на официјални информации за езерското ниво, познавачите на приликите тврдат дека тоа во споредба со
Никогаш вака езерото не било надојдено со оваа количина на вода. Ако ништо не се преземе, верувајте дека тука ќе настанат големи проблеми. Ние итака бевме,ама сега сме цело село под вода. Дримот да се испушти што се може повеќе, јас целосно се сложувам дека прети опасност на патот Струга-Дебар, но и овде има опасност дури и поголема
изминатите денови кога беше на 15 до 16 сантиметри над максимално дозволената точка сега е покачено за уште еден до два сантиметри. И додека со голо око може да се забележи дека водостојот на езерото се зголемува, од координативното тело на Министерството за транспорт, порачуваат дека нивото на Охридското Езеро било непроменето. Во Локалната самоуправа тврдат дека тоа не соодветствува на реалната состојба. Меѓу најпогодените од надојденото езеро и огромната влага во почвата од подземните води се жителите на Пештани каде повеќе од 100-тина куќи се со над еден метар вода во подрумите, гаражите, летни кујни.

„Никогаш вака езерото не било надојдено со оваа количина на вода. Ако ништо не се преземе, верувајте дека тука ќе настанат големи проблеми. Ние итака бевме,ама сега сме цело село под вода. Дримот да се испушти што се може повеќе, јас целосно се сложувам дека прети опасност на патот Струга-Дебар, но и овде има опасност дури и поголема“

вели Сандре Нечоски, претседател на месната заедница во Пештани.

„Срамота е ова јас не знам за ова село, едно од најубавите села не само во Охридскиот регион и во Македонија ова што му се случува. Никаква помош немаме од никого што е голем срам“

се пожали Иван Локоски, жител на Пештани, каде иако се тврдеше дека состојбата не е критична, пред неколку дена езерото однесе дел од регионалниот пат Охрид-Свети Наум,кој води низ плажите на целото источно крајбрежје до граничниот премин со Албанија. Пештанци сега стравуваат од тонење на куќите полни со вода, кои лежат на септички
Ако продолжи континуирано овој влажен период, тогаш би посетоела потенцијална опаснот одредени делови да бидат поплавени од Охридското Езеро. Но за да се постигне таква опасност потребно е надморската височина на езерото да достигне над 694,50 метри надморска височина, што сеуште е далеку
јами, каде од големата влага,пука земјата. Револтирани се и концесионерите на плажите, чии платформи,тераси и мостови потонаа под езерската вода, а дел од објектите се урнати, под налетот на ветрот и силните бранови.

„Мостот од 15 метри го нема веќе, платформата е искршена, 200 метри од потпорните зидови се уништени на мојата, што е слично и на другите плажи. Ова е случено само за еден ден, а што ќе правиме доколку невремето нема да стивне до мај, до кога вообичаено водостојот на Охридското Езеро расте.Сметам дека ни се потребни субвенции во туризмот, за некако да не обесштет, зошто оваа систуација повеќе не можеме да ја издржиме.“

вели Илија Џепароски, еден од концесионерите на Охридските плажи кои според првичните проценки имаат штети од околу 150 илјади евра.

„Ако продолжи континуирано овој влажен период, тогаш би посетоела потенцијална опаснот одредени делови да бидат поплавени од Охридското Езеро. Но за да се постигне таква опасност потребно е надморската височина на езерото да достигне над 694,50 метри надморска височина, што сеуште е далеку“

вели доктор Здравко Крстаноски, хидробиолог од Хидробиолошкиот институт во Охрид. На истекот на Црн Дрим, каде се регулира нивото на Охридското Езеро, низ шесте отворени порти сега истекуваат над 60 метри кубни вода во секунда, од што се стравува од излевања на патот Струга Дебар.

„Имаше доста вода и мислам дека добро направија што ја пуштија браната, мислам дека малу фалеше да се поплавиме во Струга. Се плашиме од поплави, има многу вода и на високо ниво е езерото“

вели жител на Струга. Охридскиот градоначалник Александар Петрески, кој смета дека на приоритетната листа на владата и покрај проблемот со високиот водостој и поплавите не е Охрид, изјави дека за помош за заштита на градот и езерото кои се светско наследство, помош побарал од странски држави.
XS
SM
MD
LG