Реформите во сенка на спорот за името?

Дали реформите за членство во ЕУ се во сенка на спорот за името?

Ги става ли спорот за името со Грција под сенка, другите прашања од чие решавање ќе зависи интеграцијата на Македонија во Европската унија? Половина година по добивањето на позитивен извештај за напредокот на Македонија, Европската унија, странските дипломати и меѓународните организации упатуваат остри критики кон македонските власти.
Резултатите од анкетата што ја спроведе ОБСЕ, покажуваат дека 43 отсто од судиите признале дека трпат политички притисок и дека тоа влијае на пресудите.

Реакции стигнаа и за законот за недискриминација, во кој беше изоставена дискриманцијата по основ на сексуална ориентација, како и по нападот на владејачката партија кон дел од граѓанскиот сектор.
Владата треба да ги знае состојбите однапред, да не чека нив да ги забележуваат ЕК, невладиниот сектор итн.


Неодамна евроамбасадорот Ерван Фуере оцени дека состојбата во делови од затворот Идризово е полоша од затворите во Јужна Африка за време на апартхејдот.

Директорот на невладината организација Медиум, Љуљзим Хазири вели дека владата ги става во втор план обврските кон ЕУ, со образложение дека единствена пречка за членство во ЕУ е спорот за името.

„Ценам дека по разрешувањето на спорот за името Македонија допрва ќе треба да се справува со решавање на проблемите, како реформа на судството и деполитизирање на јавната администрација.“

Политикологот Марија Ристевска, пак, вели дека разликата меѓу прашањето за името и другите прашања е во тоа што за другите
Ценам дека по разрешувањето на спорот за името Македонија допрва ќе треба да се справува со решавање на проблемите, како реформа на судството и деполитизирање на јавната администрација.
прашања има јавна дебата, додека дебатата за спорот за името главно се базира на претпоставки. Сепак, иако постои дебата, многу од прашањата се дебатираат реактивно, вели Ристевска. Таа оценува дека во Македонија има недостаток од капацитет за креирање јавна политика.

„Владата треба да ги знае состојбите однапред, да не чека нив да ги забележуваат ЕК, невладиниот сектор итн.“

Минатата недела, евроамбасадорот Фуере рече дека веќе се подготвува извештајот за напредокот на Македонија во 2010 и предупреди дека ваквите ситуации може да „намалат дел од позитивниот напредок“ што се оствари минатата година.

Ристевска вели дека е се уште рано да се прогнозира каков ќе биде извештајот за напредокот на Македонија. Хазири, пак, е речиси сигурен дека Европа ќе ги нотира пропустите.

„Да го дочекаме извештајот. Знаејќи го нивниот начин на работа, овие работи ќе бидат наведени како пропусти на земјата.“

Деновиве, на мета на европската јавност е злоупотребата на визната либерализација од македонските граѓани.