Дрога во Македонија

Македонија од земја која во изминативе децени важеше за транзитна зона на патот на дрогата, во последно време преминува во земја каде дрогата е крајна дестинација, велат експертите. Од МВР ја оценуваат минатата година како една од поуспешните според запленувањето и пресекувањето канали.
Професорот Владимир Пивоваров вели дека работите значително се смениле за разлика од пред 20 години. Тогаш дрогата која доаѓала од Истокот, само поминувалал низ Македонија а потоа завршувала на пазарите во Западна Европа и во Јужна Америка. Причината зошто работите се менуваат според професорот Пивоваров лежи во визната либерализација и во отворањето на Европа.
Поминувањето на ваквите пратки не значи секогаш и излегување од Република Македонија, значи во еден дел веќе гледаме и сами од дејноста на полицијата се почесто најквалитетните наркотични средства како кокаинот се јавуваат и на нашиот пазар.


„Поминувањето на ваквите пратки не значи секогаш и излегување од Република Македонија, значи во еден дел веќе гледаме и сами од дејноста на полицијата се почесто најквалитетните наркотични средства како кокаинот се јавуваат и на нашиот пазар. “

Од МВР велат дека минатата година според запленувањето на дрога и пресекувањето на канали на шверц на наркотици им е една од поуспешните. Портпаролот на МВР, Иво Котевски вели дека според релализираното минатата година биле на второ место во Европа:

„Само лани беа запленети енормни количини дрога, значи околу 1 тон различна дрога и беа реализирани голем број меѓународни полициски акции.“

Но Пивоваров вели дека МВР не треба да биде единствената институција која застанува на патот на дрогата

„Значи, целото општество има своја грижа за да помогне околу справување со овој сериозен проблем. За жал, тој е оставен само на МВР, ја нема таа сеопшта општествена акција во справување со овој проблем. Меѓутоа, доколку вака продолжи појавата да се развива во нагорна линија многу сериозни проблеми ќе има Република Македонија. И од друга страна, многу е битно пресекување на тие канали на територијата на Република Македонија, затоа што со тоа мора да признаеме дека е евидентно дека добиваме поени кај меѓународната заедница.“

Во извештај на Меѓународниот совет за контрола на дрогата при ОН за 2008 и 2009 година се наведува дека балканските канали се најчесто користена за да се прошверцува дрога. Една од маршрутите на дрогата минува од Македонија преку Бугарија кон Турција, а другата води во Црна Гора, Босна, Србија, Хрватска и Словенија кон Западна Европа.