Достапни линкови

Охриѓани бараат дислокација на Центарот за наркозависници


Околу 400 жители кои живеат кај Центарот за социјална работа во Охрид бараат дислокација на Центарот за наркозависници. Тие велат дека безбедноста на нивните семејства е нарушена. Надлежните пак укажуваат дека и на наркозависниците им е потребна ресоцијализација во општеството

Околу 400 жители од Охридската населба кај Центарот за социјална работа подолго време со потписи и петиција до Министерството за труд и општината бараат дислокација на Центарот за нарко зависници што се наоѓа во близина на нивните домови кај детската градинка
Време е веќе да се тргне тој центар од овде поради сигурноста на нашите деца и на сите жители на оваа населба, зошто не можеме да издржиме повеќе. Често се случуваат сообраќајни незгоди, автомобили и моторчиња управуваат зависници под дејство, под криза...Едноставно ова нешто не се трпи повеќе
Развигорче. Со поплаки дека безбедноста на нивните семејства е нарушена од честите испади, инциденти, тепачки и влегувања во куќите и зградите каде има шприцеви и други реквизите на нарко зависниците, месното население од ресорниот министер уште еднаш побара нарко центарот да се пресели на некоја друга локација подалеку од нив.

..Време е веќе да се тргне тој центар од овде поради сигурноста на нашите деца и на сите жители на оваа населба, зошто не можеме да издржиме повеќе. Често се случуваат сообраќајни незгоди, автомобили и моторчиња управуваат зависници под дејство, под криза...Едноставно ова нешто не се трпи повеќе"

вели Павле Вучитиќ, жител на Охрид чија куќа се наоѓа во близина на центарот. Министерот за труд и социјална политика Џељал Бајрами, кој ги сослуша жалбите и барањата на месното население, вети дека сериозно ќе разговара со надлежните за да се најде најдобро решение за сите, но тој побара да не се изолираат и геотоизираат нарко зависниците кои треба да се ресоцијализираат.

,,Апелирам до сите граѓани на Република Македонија, да не бараат да се дислоцираат тие центри, туку напротив јас инсистирам тие центри да се во средини каде што живеат граѓаните, од причини што и зависниците сепак се граѓани на Република Македонија. Доколку се наоѓаат во средина каде што има
Апелирам до сите граѓани на Република Македонија, да не бараат да се дислоцираат тие центри, туку напротив јас инсистирам тие центри да се во средини каде што живеат граѓаните, од причини што и зависниците сепак се граѓани на Република Македонија. Доколку се наоѓаат во средина каде што има население, сметаме дека тие подобро би се ресоцијализирале
население, сметаме дека тие подобро би се ресоцијализирале"

вели министерот Бајрами, кој остави можност за преговори со локалната самоуправа да се најде и друга посоодветна локација за да се задоволат барањата на сите страни вклучени во проблемот.

,,Сигурно дека има и други солуции меѓутоа треба се ова добро да се обмисли, таму се вложени доста средства, тој центар не е отворен многу одамна, туку во 2005-та година. Ние ќе размислуваме и натаму, зошто било каде да е центарот, пак ќе има реакции од граѓаните, а сигурно дека ние не мислиме зависниците да ги сместиме некаде каде што нема да имаат тие контакт со граѓаните, зошто не е тоа целта на дневниот центар, но мислам дека може да се најде некое решение на задоволство на сите"

вели Александар Петрески, градоначалник на Охрид.

Охридскиот дневен центар за нарко зависници е регионален и тој има 170 корисници од Охрид, Струга, Кичево, кои тука повеќе од 4 години примаат метадонска терапија за одвикнување од дрогата и се рехабилитираат низ работа со стручен тим, а вклучени се и во креативни работилници. Во Охрид се регистрирани 400 корисници на дрога, а неофицијалната бројка на зависниците од хероин е илјада, поради што се бара слух од пошироката заедница за побезболно справување со овој проблем со кој се соочуваат луѓе од различни генерации и кој за жал е во подем.

XS
SM
MD
LG