За министерот за надворешни работи Антонио Милошоски, името или членство на Македонија во ЕУ и НАТО е нереална дилема. Тој посочува и дека употребата на терминот ,,македонско претседателство" при претседавањето на Македонија со Советот на Европа, ќе биде тест што ќе покаже дали Грција има или не, проблем со терминот ,,македонски".
Министерот за надворешни работи Антонио Милошоски вели дека употребата на терминот „македонско претседателство“, при претседавањето на Македонија со Советот на Европа ќе биде тест што ќе покаже дали Грција има проблем само со употреба на името на Македонија, или пак спорот се однесува и на идентитетот.
„Сакаме да го промовираме терминот „македонско претседателство“ на Советот на Европа, како термин кој што може и мислам дека тоа ќе биде тестот при кој што ќе видиме дали грчката дипломатија и Влада има проблем само со нашето уставно име, или пак спорот е поопширен, главниот проблем е поврзан со она што го одбележува идентитетот на македонската нација, или општо на нашето граѓанство, држава и слично кое што е поврзано со користењето особено во англиската верзија и другите светски јазици.“
Шестмесечното претседавање на Македонија со Советот на Европа почнува во мај годинава. На денешната трибина за предизвиците на македонската дипломатија што ја организираше институтот Павел Шатев, покрај Милошоски, учествуваа и вицепремиерот задолжен за евроинтеграции Васко Наумовски, поранешниот шеф на дипломатијата Слободан Чашуле и поранешните амбасадори Ристо Никовски, Звонимир Јанкуловски и Нано Ружин. Решавањето на спорот за името и неговите импликации врз евроинтеграциите на Македонија, според повеќето дискутанти, треба да бидат еден од главните приоритети на Македонија. Според поранешниот амбасадор Никовски, виновникот за нерешевање на спорот треба да се бара во Грција. Тој вели дека промената на името ќе доведе до дестабилизација на земјата и на регионот.
„Република Македонија може да живее и 100 години без НАТО и ЕУ, но оваа држава не може да опстане без македонскиот народ.“
Поранешниот амбасадор на Македонија во НАТО, професор Нано Ружин вели дека најважно за Македонија е да го реши спорот за името за да стане членка на ЕУ и на НАТО. Тој посочува дека луѓето што сакаат брзо решавање на спорот не треба да се гледаат какопредавници на националните интереси. Тезата ја поткрепува со паралела со постапката на кардиналот Ришелје, во времето кога на Франција и се заканувал напад од Светата католичка империја.
„Тој ги помагаше германските протестанти за да дигнат бунт, за да можат да ја остават Империјата. Човекот дури станал и против верата на која што и припаѓал, само да ја спаси територијата на државата.“
Од своја страна, министерот Милошоски рече дека дилемата, што ни е поважно – членството во ЕУ и НАТО или одбраната на националното достоинство и името на Македонија не е реална.
„Тоа е како кога едно дете ќе го прашате, дали го повеќе го сака таткото или мајката.“
Спорот за името со Грција е последната пречка за зачленување на Македонија во НАТО и за почеток на преговори со ЕУ.
Сакаме да го промовираме терминот ,,македонско претседателство" на Советот на Европа, како термин кој што ќе биде тест за да видиме дали Грчката дипломатија има проблем само со нашето Уставно име, или пак спорот е поопширен
„Сакаме да го промовираме терминот „македонско претседателство“ на Советот на Европа, како термин кој што може и мислам дека тоа ќе биде тестот при кој што ќе видиме дали грчката дипломатија и Влада има проблем само со нашето уставно име, или пак спорот е поопширен, главниот проблем е поврзан со она што го одбележува идентитетот на македонската нација, или општо на нашето граѓанство, држава и слично кое што е поврзано со користењето особено во англиската верзија и другите светски јазици.“
Шестмесечното претседавање на Македонија со Советот на Европа почнува во мај годинава. На денешната трибина за предизвиците на македонската дипломатија што ја организираше институтот Павел Шатев, покрај Милошоски, учествуваа и вицепремиерот задолжен за евроинтеграции Васко Наумовски, поранешниот шеф на дипломатијата Слободан Чашуле и поранешните амбасадори Ристо Никовски, Звонимир Јанкуловски и Нано Ружин. Решавањето на спорот за името и неговите импликации врз евроинтеграциите на Македонија, според повеќето дискутанти, треба да бидат еден од главните приоритети на Македонија. Според поранешниот амбасадор Никовски, виновникот за нерешевање на спорот треба да се бара во Грција. Тој вели дека промената на името ќе доведе до дестабилизација на земјата и на регионот.
„Република Македонија може да живее и 100 години без НАТО и ЕУ, но оваа држава не може да опстане без македонскиот народ.“
Поранешниот амбасадор на Македонија во НАТО, професор Нано Ружин вели дека најважно за Македонија е да го реши спорот за името за да стане членка на ЕУ и на НАТО. Тој посочува дека луѓето што сакаат брзо решавање на спорот не треба да се гледаат како
Република Македонија може да живее и 100 години без НАТО и ЕУ, но оваа држава неможе да опстане без македонскиот народ