Засилена дипломатска активност во Македонија

Комесарот за проширување Штефан Филе

Во наредниве денови во Македонија ќе пристигне еврокомесарот за проширување Штефан Филе, шефот на шпанската дипломатија Моратинос, европратеници, како и медијаторот во спорот со името Метју Нимиц. Според аналитичарите, посетите покажуваат дека ЕУ и ЕК се заинтересирани прашањето за името да се реши.
Интересот на европските институции и претставници прашањето за името да се реши продолжува и се очекува во наредниве деновиви да го пренесат и посетите на еврокомесарот за проширувањето Штефан Филе, европратеници како и министерот за надворешни работи на Шпанија Моратинос за чијашто посета сеуште не е познат единствено точниот датум. Во петокот поранешниот дански шеф на
Иако, кај нас на тоа се гледа како форма на притисок. Во секој случај, ЕУ и ЕК се заинтересирани ова прашање да се апсолвира, затоа што и тие не може да ги промовираат европските вредности поради апсурдно прашање.
дипломатијата Елеман Јенсен при примањето на орденот од страна на македонскиот претседател порача што поскоро доаѓање до решение за спорот за името, и тоа макар и такво со коешто и двете страни би биле малку незадоволни. Слични пораки во пресрет на мартовскиот самит на ЕУ најверојатно ќе имаат и европските гости. За очекување се но и за поздравување, вели аналитичарот Алберт Муслиу затоа што европскиот интерес е добро и да го има

„Иако, кај нас на тоа се гледа како форма на притисок. Во секој случај, ЕУ и ЕК се заинтересирани ова прашање да се апсолвира, затоа што и тие не може да ги промовираат европските вредности поради апсурдно прашање.“

Доколку Макеоднија страгнира во евроинтегративниот процес таа би можела да им се приклучин на Црна Гора и Србија што би значело губење на време зошто во погле дна напредокот во реформите и во фазите на приближување имаме постигнато повеќе. За еворопските претставници важно е да се дојде до компромис за којшто ќе одлучат двете страни како треба да изгледа и кој е најприфатлив за нив, вели Здравско Савевски.

„Она што е минимум што сите треба да го знаат што донесуваат одлуки е основната формула од привремената спогодба, дека Грција не треба да блокира, но Македонија не смее да провоцира.“

изјави Савевски.
Она што е минимум што сите треба да го знаат што донесуваат одлуки е основната формула од привремената спогодба, дека Грција не треба да блокира, но Македонија не смее да провоцира

Ефектот од ваквите посети сепак се очекува дека нема да биде значае, вели Муслиу ниту кај Грчката ниту кај Македонската страна.

„Кај нашите претставници не верувам дека ќе има поголем ефект. Веќе имаме политичка агенда, имаме мирис на предвремени избори, предвремените избори и се појавуваат како прашање, ако не се апсолвира прашањето со името и ако стагнираат нашите евро интеграции.“

На крајот од овој месец се очекува регионот да го посерти и медијаторот Нимиц. Неизвесно е дали новата рунда преговори ќе донесе нови пшртедлози како и дали ги посемти позициите на двете страни во псорот нанапред.