Започна Олимпијадата во Канада

Ванкувер - церемонија на отворањето на ЗОИ

Отворањето на ЗОИ во Ванкувер помина во знак на трагично починатиот грузиски спортист Нодар Кумариташвили. Тој загина на тренинг на денот на отворањето на игрите. Претседателот на МОК Жак Рог ги повика спортистите да се натпреваруваат во сеќавање на Кумариташвили.
Церемонијата на отворањето на Олимписките игри во Ванкувер беше посветена на грузискиот репрезентативец во санкање Нодар Кумариташвили, кој загина на тренингот на денот на отворањето на игрите. Тој ја загуби контролата врз санката која се движеше со 145 километри на час и по ударот со главата во метален столб беше пренесен во болница каде што почина.

„Ова е многу тажен ден. Млад спортист го загуби животот својот сон да учествува на зимските Олимписки игри. Се случи фатален инцидент. Немам зборови да опишам што чувствуваме“.
изјави претседателот на МОК Жак Рог.
На зимските Олимписки игри во Ванкувер учествуваат над 2.500 спортисти од 82 земји во светот. Грузиските ставија црно на своето знаме во знак на жал за починатиот колега.Олимпискиот оган заедно го запалија легендарниот хокеар Вејн Гредски, скијачката Ненси Грин, кошаркарот Стив Неш, параолимпиецот Рик Хенсен и некогашната натпреварувачка во брзо лизгање Лимај Доан. Вејн Грецки запали олимписки оган и на градскиот плоштад во Ванкувер.
На спектакуларното Свечено отворање присуствуваа околу 60.000 гледачи. За церемонијата беа потрошени 40 милиони долари, што го прави второ најскапо отворање на Олимписки игри, по Пекинг 2008.Македонија во Ванкувер ќе ја претставуваат тројца натпреварувачи. Знаменосецот, алпинец Антонио Ристевски и нордијците Дарко Дамјановски и Росана Кироска

Медициснки персонал по несреката на Нодар Кумариташвили.



Претседателот на Меѓународниот Олимписки Комитет Жак Рог и Претседателот на Организациониот Комитет Џон Фурлонг ги повикаа спортистите да се натпреваруваат во сеќавање на настраданиот Нодар Кумариташвили.
Патеката за санкање во центарот Витслер на зимските Олимписки игри ќе биде променета по смрта на 21 годишниот грузиски спортист Нодара Кумариташвили. Меѓународната санкарска федерација соопшти дека се превземаат поголеми безбеднопсни мерки и посебно кај местото на кое Кумариташвили ја загуби контролата врз санката по што од здобиените повреди почина.