Стопанствениците и експертите едногласни, македонските компании треба да вложуваат во извоз на брендирани производи наместо суровини. На долг рок, велат тие, оваа стратегија е поисплатлива.
Пласманот на готови македонски производи е попрофитабилно од извозот на суровини, се согласуваат стопанствениците и упатените,. Ристе Енџекчев управител на претпријатиетио „Баџо Комерц“ вели дека се` што извезува неговата компанија е брендирано
„Целокупното наше производство се пласира, како готов производ, во наша амбалажа која е брендирана.“
Енџекчев додава дека извозот и пласманот на готов прозвод во странство на почеток е потешко, но во крајна линија е поисплатливо
„Во почетокот секогаш оди тешко, но подоцна се гледаат самите резултати.“
Флаширано вино наместо цистерни, пакувано или конзервирано овошје и зеленчук наместо натискано во гајби. Сето тоа би било поисплатливо не само за земјоделците туку и за сите субјекти вклучени во процесот на производство, се согласуваат упатените. Горан Дамовски, сениор координатор во програмата „Аг-Биз“ на УСАИД вели дека брендирањето и преработката му додаваат вредност на производот.
„И нормално дека тој финален производ ќе има многу повисока цена во однос на суровината, односно заработката од тој производ ќе се дистрибуира назад кон сите оние кои придонеле тој производ да постигне повисока вредност.“
Практично сево ова значи дека повеќе субјекти можат да заработат од производството, појаснува Дамовски
„Значи, нема да заработи само извозникот што ги зел, условно речено, пиперките од нива и ги извезол како свежи, во тој случај ќе заработи и дистрибутерот и преработувачката локална фабрика и оној кој успеал да го измаркетира производот на пазарот.“
Од тука се поставува прашањето зошто повеќе брендирани македонски производи не се наоѓаат на полиците во странските супер маркети, ако единствено нешто кое недостига е амбалажата. Преработката пакувањето и брендирањето на производите се само дел од процесот вели Дамовски:
„Таа амбалажа некој треба да ја промовира и презентира. Генерално тој процес е скап и бара сериозно и долгогодишно делување. Во многу успешноста на презентацијата надвор зависи и од препознатливоста на Македонија.“
За сега неповолната поставеност на македонските стопанственици во извозот на производи го покажуваат официјалните податоци. Според последните проценки на Државниот завод за статистика, покриеноста на увозот со извоз во 2009 година изнесувал 53 проценти, што е помалку во споредба со 2008 кога покриеноста била 58 проценти. Трговскиот дефицит за 2009 година се проценува на 2.3 милијарди долари.
Во почетокот секогаш оди тешко, но подоцна се гледаат самите резултати.
„Целокупното наше производство се пласира, како готов производ, во наша амбалажа која е брендирана.“
Енџекчев додава дека извозот и пласманот на готов прозвод во странство на почеток е потешко, но во крајна линија е поисплатливо
„Во почетокот секогаш оди тешко, но подоцна се гледаат самите резултати.“
И нормално дека тој финален производ ќе има многу повисока цена во однос на суровината, односно заработката од тој производ ќе се дистрибуира назад кон сите оние кои придонеле тој производ да постигне повисока вредност.