Трговскиот дефицит на Македонија, кој се проценува на 1,8 милијарди американски долари, е проблем за македонската економија, посебно за домашните компании се согласуваат бизнисмените и упатените. Професорот Зоран Ивановски вели дека дефицитот, кој се создава како разлика во покриеноста на увозот со извозот, може да се санира со реформи во стопанството
„Република Македонија и владата ќе треба да поработат на структурните реформи на стопанството со цел да се поддржат индустриите кои можат да обезбедат суфицит во трговската размена.“
Ако државата повеќе увезува за развојни цели, увезувајки машини за производство и слично, тогаш дефицитот може да се гледа како позитивен, вели ивановски. Но во одредени сегменти, дефицитот е несфатлив, додава професорот
„Може да кажеме дека сепак на планот на увозот на храна има простор за македонските компании да го освојат пазарот, не можам да најдам оправдување за тој сегмент.“
Трговскиот дефицит годинава е помал поради намалената трговска размена, посочува извршниот директор на Сојузот на стопански комори Мирко Алексов
„Значи, како бројка споредено со други години, оваа е помала, затоа што и трговската размена на Македонија со земјите од светот е помала за 30 проценти споредено со лани.“
Според Алексов трговскиот дефицит создава проблеми на тековната сметка на државата
„Македонија традиционално има трговски дефицит затоа што е увозно зависна земја. Затоа треба да се подобри извозот за да се намали трговскиот дефицит затоа што има негативно влијание на тековната сметка.“
Инаку, трговскиот дефицит на Македонија се проценува на 1,8 милијарда американски долари. Според податоците на државниот завод за статистика вкупната вредност на увозот се проценува на 4 милијарди долари, што е двојно помалку од извозот на стоки од земјава кој се проценува на 2 милијарди долари.
Република Македонија и владата ќе треба да поработат на структурните реформи на стопанството со цел да се поддржат индустриите кои можат да обезбедат суфицит во трговската размена.
„Република Македонија и владата ќе треба да поработат на структурните реформи на стопанството со цел да се поддржат индустриите кои можат да обезбедат суфицит во трговската размена.“
Ако државата повеќе увезува за развојни цели, увезувајки машини за производство и слично, тогаш дефицитот може да се гледа како позитивен, вели ивановски. Но во одредени сегменти, дефицитот е несфатлив, додава професорот
„Може да кажеме дека сепак на планот на увозот на храна има простор за македонските компании да го освојат пазарот, не можам да најдам оправдување за тој сегмент.“
Трговскиот дефицит годинава е помал поради намалената трговска размена, посочува извршниот директор на Сојузот на стопански комори Мирко Алексов
Може да кажеме дека сепак на планот на увозот на храна има простор за македонските компании да го освојат пазарот, не можам да најдам оправдување за тој сегмент