И покрај одлуката на Европскиот парламент во која се препорачува започнување преговори со Македонија, македонските пратеници и експерти свесни дека за тоа е потребно решение за проблемот со името.
Одлуките на Европскиот парламент имаат советодавна, морална сила и го отсликуваат моменталното расположение во Брисел кое што за Македонија може да значи бенефит во доменот на лобирањето и стекнувањето европски пријатели наклонети на европската перспектива на земјата. Од друга страна треба да се биде свесен за реалната моќ на ослуките кои што ги гласа оваа институција. Тие носат силна препорака но не и правна сила. Ова се коментарите на изгласаната резолуција во ЕП на предлагачот Зоран Талер во која со огромно мнозинство европратениците препорачуваат почеток на преговори во март. Прашањето за името, како што потенцираа дел од европратениците, сепак не треба да се потценува.
„Значи, тука нема ништо спектакуларно. Се потврди тоа дека Македонија има поддршка но доколку успее да го реши проблемот со јужниот сосед. За мене барем, ова е потврда дека ако не седнеме заедно и го решиме проблемот не можеме да очекуваме некоја поголема иницијатива и всушност, она што е најважно дека без решение на проблемот чекор понатаму ние едноставно не можеме да направиме“ изјави пратеникот Андреј Жерновски од ЛДП
Македонија секогаш ја имала поддршката од ЕП и ова е еден чекор напред во поддршката за евроинтеграциите без оглед на тоа што и оваа резолуција има само советодавен карактер, вели пратеникот Петар Поп Арсов од ВМРО ДПМНЕ.
„Има апсолутно позитивен карактер, затоа што недвосмислено е дадена препорака за определување датум за почеток на преговори. Но, секогаш се поставува клаузулата што е политички значајна, а тоа е спорот со името.“
Без оглед на тоа што немаат обврзувачка моќ одлуките на ЕП имаат голема морална и политичка важност, вели професорот Мерсел Биљали. Во нашиот случај тоа значи поддршка на европскиот процес но и поддршка на преговорите со Грција.
„Тоа е своевиден завршен притисок врз двете страни проблемот да се реши, а исто така значи ослучност за ЕУ, тој проблем конечно да го реши, затоа што претставува проблем на ЕУ“ посочува Биљали.
Оваа резолуција според Биљали, едновремено како да покажува и дека созревање на европскиот поглед дека овој спор е излезен надвор од логиката. Споредена со поранешните документи, таа носи поголем баланс во поглед на притисоците кон Макеоднија и кон Грција а бројот на пријатели меѓу европарламентарците е значително зголемен, додава пратеникот Жерновски.
Во доменот на надворешната политика на ЕУ. Европскиот парламент нема значајна улога во однос на Советот или на Европската комисија.
Значи, тука нема ништо спектакуларно. Се потврди тоа дека Македонија има поддршка но доколку успее да го реши проблемот со јужниот сосед. За мене, барем, ова е потврда дека ако не седнеме заедно и го решиме проблемот не можеме да очекуваме некоја поголема иницијатива.