Власта вели дека одржува редовни контакти со европските дипломати, а опозицијата, пак, дека не забележува поголем интерес за потесна соработка со новите европски комесари. 13 од предложените еврокомесари доаѓаат од европските конзервативни партии, 8 се од групата на либералите, а шестмина кандидати за еврокомесари се од редовите на Социјалдемократите. Пратеникот Александар Спасеновски од владејачката ВМРО-ДПМНЕ вели дека, на ниво на партија, тие одржуваат постојани контакти со сестринските партии од Европа. Тој посочува дека за време на самитите на европската народна партија, секогаш учествува висока делегација на ВМРО-ДПМНЕ, најчесто предводена од премиерот. Таму се разговара за повеќе теми за развој на односите со ЕУ, меѓу кои и изборот на нови еврокомесари, вели Спасеновски. Тој вели дека немаат посебен став во однос на карактерот на политичките позиции на дел од членовите на Европската комисија.
,,За нас е најважно принципиелната поддршка на првиот човек на ЕК во однос на процесите на проширувањето, како и на комесарот за проширување во однос на нужната потреба на ЕУ да продолжи со проширувањето, односно со прием на нови држави членки."
Од друга страна, дел од опозицијата вели дека дипломатските активности за запознавање со новите еврокомесари се минимални, ако воопшто и ги има. Емил Кирјас е генерален секретар на Либералната интернационала. Тој вели дека, засега, македонската влада нема никакви контакти со либералната група во европскиот парламент, во однос на конкретни прашања што би можеле да им се постават на идните комесари.
,,Она што Македонија уште повеќе го прави како почетничка грешка е дека во рамките на државата нема никаква соработка помеѓу Владата и опозиционата Либерално Демократска пртија која што како членка на Европското Либерално семејство има големо влијание во однос на градењето на позицијата на Европските Либерали."
Пратеничката Радмила Шеќеринска од опозицискиот СДСМ е потпретседател на Социјалистичката интернационала. Таа вели дека СДСМ лобира кај сестринските партии, но се согласува со Кирјас дека нема координација со владата.
,,Ситуацијата е дури уште полоша не само што не бараат од левицата, од Либерал демократите да помогнат, а за тоа сите ние сме подготвени дури и без да се организираме со Владата, туку мислам дека владата апсолутно не лобира ниту кај десницата. За жал врските и влијанието кое што го има ВМРО ДПМНЕ во европската десница е минимално, да некажам никакво и колку што гледам не се ни трудат да го подобрат. Мислам дека буквално се однесуваат како безгласна буква."
Таа сепак вели дека колку и да се еврокомесарите расположени во однос на проширувањето, Македонија не може да избега од решавање на спорот за името со Грција.
За нас е најважно принципиелната поддршка на првиот човек на ЕК во однос на процесите на проширувањето, како и на комесарот за проширување
,,За нас е најважно принципиелната поддршка на првиот човек на ЕК во однос на процесите на проширувањето, како и на комесарот за проширување во однос на нужната потреба на ЕУ да продолжи со проширувањето, односно со прием на нови држави членки."
Од друга страна, дел од опозицијата вели дека дипломатските активности за запознавање со новите еврокомесари се минимални, ако воопшто и ги има. Емил Кирјас е генерален секретар на Либералната интернационала. Тој вели дека, засега, македонската влада нема никакви контакти со либералната група во европскиот парламент, во однос на конкретни прашања што би можеле да им се постават на идните комесари.
За жал врските и влијанието кое што го има ВМРО ДПМНЕ во европската десница е минимално, да некажам никакво и колку што гледам не се ни трудат да го подобрат