Невработеноста во Македонија и натаму е висока. Голем број невработени во борба за парче леб секојдневно излегуваат на „берзата на трудот“ на Јужниот Булевар. Според експертите, сивата економија го „купува“ социјалниот мир
Изградба, ѕидарија, амалски работи , транспорт- вакви градежни работи секојденвно се бараат… Колку чини еден амалски ден на јужниот Булевар?
„Илјадарка, ама побрзо ќе направиме. Еве, ние двајца да дојдеме по 800 денари, ние ти намалуваме, еве...“
Голем дел од овие луѓе, кои својот леб го печалат на ваков начин се пријавени во Агенцијата за вработување како невработени. Двете илјади денари што ги добиваат како социјална помош им се малку, велат тие. Се жалат дека не можат да врзат крај со крај.
„Секоја физичка работа би ја работел. Било што да е. Колку за старост. Земам по 2,600 социјална помош. Работиме приватно во село, дневница е 500 денари сега, инаку беше 400, 350 порано.“
Се проценува дека слична судбина делат многу луѓе. 500 денари за да преселат мебел, понекогаш и за помалку од 50 денари копаат еден метар канал - ова се дел од услугите што ги нудат овие луѓе кои чекаат некој работодавец да се заинтересира за нивната физичка сила. Луѓето велат дека со години се пријавуваат во Агенцијата, но не можат да најдат работа па се снаоѓаат на ваков начин.
„Право да ви кажам од 1994 се пријавувам, до денеска никогаш не ми дале работа. Единствено за зелени картони морам да се пријавам.“
„Инаку, јас и жената работиме како аргати и по 500 денари земаме дневница, ќе земеме вреќа брашно, па крпиме“
50-годишниот Славе Алексоски веќе пет години е на скопскиот Јужен Булевар, и лете и зиме. На булеварот, чека каква било работа, откако ја затвориле банката во која работел.
„Жената не работи, јас не работам, синот не работи, ќерката не работи. Затоа сум дојден тука, ако фатам нешто, добро. Некој ден се фаќа илјадарка, некој ден 500, некој ден ништо, кога ќе видиш 200 денари дневница не се фаќа.“
ФАС 11 Октомври, Газела, Треска, Годел, Хемтекс, и уште многу други фирми со години произведуваат стечајци и технолошки вишок. Проценките велат дека во земјава има околу 40 илајди стечајци. Работеле повеќе од 40 години, но, се жалат дека најголемиот дел од нив се на улица, без плата и пензија. Едни поради неплатен стаж, други поради нови закони според кои пензионер се станува на 62 години за жени и на 64 години за мажи.
„27 години работев, 10 години се пријавувам, ме избркаа од работа, ме турија тука. Земам 3,000, колку да не речат дека ништо не земаме.“
Џабе работи, џабе не седи е стара македонска поговорка, но законот не се согласува со неа. За вработените без договор за вработување и задолжително осигурување, како и за фирмите што вработуват на овој начин следуваат казни, вели Директорот на државниот инспекторат за труд Горан Јовановски.
„Сите оние кои ќе ги затекне инспекторатот како непријавени се доставува до Агенцијата за вработување список каде што истите се бришат и согласно законот година дена немаат право да се пријават и да бидат корисници на субвенција, бенефиција и слично.“
Само минатиот месец Инспекторатот затекнал речиси триста непријавени работници, а во август таа бројка била двојно помала. Во Македонија нема реална слика за точната бројка на вработени и невработени, велат експертите. Според Агенијата за вработување, како вработени се водат речиси 180 илајди луѓе. Експертите се сомневаат дека дел од тие што се водат како невработени, всушност работат и се пријавуваат само заради здравствените картони. Според полседните податоци на агенцијата, 340 илјади луѓе се невработени. Голем дел од нив, велат експертите, работат со скратено работно време или се хонорарно ангажирани. Многу е тешко да се зборува за неформална економија или за сивата економија, затоа што во практика се испреплетуваат сите облици на незаштитен труд велат економистите. Портпаролот на Сојузот на синдикати на Македонија, Милан Живковиќ вели дека, во моментов, кога една третина од работоспособно население се невработени, нема вистински пазар на труд.
„Една голема стапка на невработеност. Тука имаме потенцијални работници кои би прифатиле позиции по било која основа. Тоа значи дека се руши цената на трудот, условите за пристојна работа кај работодавачите. Тоа значи дека во моментов сивата економија царува во Македонија.“
Професорот Томе Неновски вели дека, ако се анализира состојбата на пазарот на труд, ќе се види дека има сива економија. Како причини за ваквата состојаба, тој ги наведува избегнувањето на плаќање на даноци, избегнување на пријавување на проиводство, нерегистрирање на фирмите, како и други заобиколувања на законот.
„Во оваа година на светска економска криза, логично е сивата економија и натаму да постои и да се прави во зголемен обем во однос на претходниот период. Тоа е сосема разбирливо. Голем број фирми се судруваат со проблеми, па некои го намалуваат бројот на вработените или платите, па тие лица мора да се снаоѓаат како да го надополнат недостатокот на средства за егзистенција.“
На одреден начин со сивата економија се купува социјалниот мир вели Неновски.
„Веројатно, во одредена мера се купува социјален мир. Во спротивно, како тие луѓе би егзистирале, би правеле штрајкови, немири во државата. А, од друга страна ние немаме економска развиеност за да ги издржуваме овие луѓе. Така што, мирот се „купува“, сивата економија мораме да признаеме дека ја разјадува супстанцата на економијата.“
Живковиќ смета дека со сивата економија не треба да се купува социјалениот мир.
„Затоа што од една страна, задоволни се само владата и работодавачите. Доколку им се прогледа низ прсти, не се купува социјалниот мир. Туку се навлегува во подлабока криза, работникот има одредени граници на трпење.“
Во Сојузот на Синдикати само во првите 6 месеци од годинава од 19 илјади поплаки за кршење на работни права една третина се однесуваат на неплаќање на придонеси за здравствено и пензиско осигурување, а тоа не значи социјален мир вели Живковиќ.
Во Сојузот на синдикатите нудат решение за намалување на сивата економија – инспекторатот повеќе да ги казнува работодавачите.
За да се намалат кршењата на работничките права неопходно е
Работниците кои се жртви на сивата економија да ги пријавуваат случаите. Треба да излезат јавно во интерес на сите да ги кажат своите проблеми затоа што работат по 12 часа дневно вели Живковиќ
Едно од можните решенијата за намалувањето на сивата економија е да се направи закон за трговците со мал обрт,
да им се објаснат поволностите од легализирање на бизнисите и нивните стопански активности, Вели економистот Марија Зарензанкова Потевска
„Во секој случај состојбите во стопанството кога ќе се подобрат, мислам дека голем дел од луѓето ќе почнат да работат на легален начин. Потребно е време за луѓето да ги видат поволностите, за да се легализираат активностите на луѓето. За жал, тоа е долг процес.“
Со намалување на јавните расходи и зголемувањето на транспарентноста при одлучувањето може многу да се промени расположението на граѓаните да плаќаат данок,Понатамошниот развој на работното законодавство, во кое ќе постои можност за флексибилни облици на вработување, може да ја намали потребата за работење на „сиво“ сметаат експертите. Зајакнувањето на правниот систем, јавната управа, флексибилниот пазар на трудот, намалувањето на даноците и влијанието на државата во економијата - само по себе на големо би го решило проблемот на сивата економија, велат економските аналитичари.
Илјадарка, ама побрзо ќе направиме. Еве, ние двајца да дојдеме по 800 денари, ние ти намалуваме, еве...
„Илјадарка, ама побрзо ќе направиме. Еве, ние двајца да дојдеме по 800 денари, ние ти намалуваме, еве...“
Голем дел од овие луѓе, кои својот леб го печалат на ваков начин се пријавени во Агенцијата за вработување како невработени. Двете илјади денари што ги добиваат како социјална помош им се малку, велат тие. Се жалат дека не можат да врзат крај со крај.
„Секоја физичка работа би ја работел. Било што да е. Колку за старост. Земам по 2,600 социјална помош. Работиме приватно во село, дневница е 500 денари сега, инаку беше 400, 350 порано.“
Сите оние кои ќе ги затекне инспекторатот како непријавени се доставува до Агенцијата за вработување список каде што истите се бришат и согласно законот година дена немаат право да се пријават и да бидат корисници на субвенција, бенефиција и слично
Се проценува дека слична судбина делат многу луѓе. 500 денари за да преселат мебел, понекогаш и за помалку од 50 денари копаат еден метар канал - ова се дел од услугите што ги нудат овие луѓе кои чекаат некој работодавец да се заинтересира за нивната физичка сила. Луѓето велат дека со години се пријавуваат во Агенцијата, но не можат да најдат работа па се снаоѓаат на ваков начин.
„Право да ви кажам од 1994 се пријавувам, до денеска никогаш не ми дале работа. Единствено за зелени картони морам да се пријавам.“
„Инаку, јас и жената работиме како аргати и по 500 денари земаме дневница, ќе земеме вреќа брашно, па крпиме“
50-годишниот Славе Алексоски веќе пет години е на скопскиот Јужен Булевар, и лете и зиме. На булеварот, чека каква било работа, откако ја затвориле банката во која работел.
„Жената не работи, јас не работам, синот не работи, ќерката не работи. Затоа сум дојден тука, ако фатам нешто, добро. Некој ден се фаќа илјадарка, некој ден 500, некој ден ништо, кога ќе видиш 200 денари дневница не се фаќа.“
ФАС 11 Октомври, Газела, Треска, Годел, Хемтекс, и уште многу други фирми со години произведуваат стечајци и технолошки вишок. Проценките велат дека во земјава има околу 40 илајди стечајци. Работеле повеќе од 40 години, но, се жалат дека најголемиот дел од нив се на улица, без плата и пензија. Едни поради неплатен стаж, други поради нови закони според кои пензионер се станува на 62 години за жени и на 64 години за мажи.
Во оваа година на светска економска криза, логично е сивата економија и натаму да постои и да се прави во зголемен обем во однос на претходниот период. Тоа е сосема разбирливо. Голем број фирми се судруваат со проблеми, па некои го намалуваат бројот на вработените или платите, па тие лица мора да се снаоѓаат како да го надополнат недостатокот на средства за егзистенција
„27 години работев, 10 години се пријавувам, ме избркаа од работа, ме турија тука. Земам 3,000, колку да не речат дека ништо не земаме.“
Џабе работи, џабе не седи е стара македонска поговорка, но законот не се согласува со неа. За вработените без договор за вработување и задолжително осигурување, како и за фирмите што вработуват на овој начин следуваат казни, вели Директорот на државниот инспекторат за труд Горан Јовановски.
„Сите оние кои ќе ги затекне инспекторатот како непријавени се доставува до Агенцијата за вработување список каде што истите се бришат и согласно законот година дена немаат право да се пријават и да бидат корисници на субвенција, бенефиција и слично.“
Само минатиот месец Инспекторатот затекнал речиси триста непријавени работници, а во август таа бројка била двојно помала. Во Македонија нема реална слика за точната бројка на вработени и невработени, велат експертите. Според Агенијата за вработување, како вработени се водат речиси 180 илајди луѓе. Експертите се сомневаат дека дел од тие што се водат како невработени, всушност работат и се пријавуваат само заради здравствените картони. Според полседните податоци на агенцијата, 340 илјади луѓе се невработени. Голем дел од нив, велат експертите, работат со скратено работно време или се хонорарно ангажирани. Многу е тешко да се зборува за неформална економија или за сивата економија, затоа што во практика се испреплетуваат сите облици на незаштитен труд велат економистите. Портпаролот на Сојузот на синдикати на Македонија, Милан Живковиќ вели дека, во моментов, кога една третина од работоспособно население се невработени, нема вистински пазар на труд.
„Една голема стапка на невработеност. Тука имаме потенцијални работници кои би прифатиле позиции по било која основа. Тоа значи дека се руши цената на трудот, условите за пристојна работа кај работодавачите. Тоа значи дека во моментов сивата економија царува во Македонија.“
Веројатно, во одредена мера се купува социјален мир. Во спротивно, како тие луѓе би егзистирале, би правеле штрајкови, немири во државата.
Професорот Томе Неновски вели дека, ако се анализира состојбата на пазарот на труд, ќе се види дека има сива економија. Како причини за ваквата состојаба, тој ги наведува избегнувањето на плаќање на даноци, избегнување на пријавување на проиводство, нерегистрирање на фирмите, како и други заобиколувања на законот.
„Во оваа година на светска економска криза, логично е сивата економија и натаму да постои и да се прави во зголемен обем во однос на претходниот период. Тоа е сосема разбирливо. Голем број фирми се судруваат со проблеми, па некои го намалуваат бројот на вработените или платите, па тие лица мора да се снаоѓаат како да го надополнат недостатокот на средства за егзистенција.“
На одреден начин со сивата економија се купува социјалниот мир вели Неновски.
„Веројатно, во одредена мера се купува социјален мир. Во спротивно, како тие луѓе би егзистирале, би правеле штрајкови, немири во државата. А, од друга страна ние немаме економска развиеност за да ги издржуваме овие луѓе. Така што, мирот се „купува“, сивата економија мораме да признаеме дека ја разјадува супстанцата на економијата.“
Во секој случај состојбите во стопанството кога ќе се подобрат, мислам дека голем дел од луѓето ќе почнат да работат на легален начин. Потребно е време за луѓето да ги видат поволностите, за да се легализираат активностите на луѓето. За жал, тоа е долг процес.