Актерот Јордан Симонов е носител на една од главните улоги во филмот Панкот не е мртов на режисерот Владимир Блажевски.
Со 40-тина театарски улоги зад себе во проекти како Глембаеви, Буре барут, Обѕрни се во гнев, Шопинг енд факинг, Црнила 005, Демони, Кралот Иби, Мара Сад и други, учества во филмови од кои за издвојување се Прашина на Милчо Манчевски и Превртено на Игор Иванов Изи, голем број на телевизиски остварувања...Јордан Симонов во моментов е актуелен со ликот на Мирса во Панкот не е мртов, новото долгометражно остварување на режисерот Владимир Блажевски. Се работи за радикално скопски филм од кој, како што забележуваат оние што го виделе, ќе останат многу реплики за прераскажување и за црна комедија во која на актерот од извонредно големо значење во креацијата му било неговото сопствено минато – македонската рок сцена на која директно или индиректно и самиот и припаѓал.
„Некои викаат ’така требало да биде‘ или ’судбина‘ или ’случајност‘, но јас мислам дека е одговор на се она што јас сум го живеел. Едноставно целата работа околу филмот беше мој терен.“
Филмот е снимен со скромни средства, но со многу генерациски ентузијазам, а за остварената соработка со колегите Тони Михајловски и Камка Тоциновски, Симонов дополнува дека:
„Сите ’ископавме‘ во себе она што природно го носиме како луѓе и мислам дека тоа се гледа многу и луѓето уживаат во нашата едноставна игра.“
Сепак, тој остава филмот и нивните остварувања во него различно да бидат толкувани.
„Глупаво е да има еднострани критики, мора да има различност за да има прогрес во целата работа.“
По над две децении минати на сцената во МНТ и со неколку силнифилма во сопственото портфолио, Симонов е длабоко навлезен во своите зрели актерски години и затоа со право знае да каже дека сега е во позиција да ги одбира проектите само по еден основ – квалитетот на понудата.
„Сега веќе се работи дали проектите се добри или лоши, дали ме провоцираат да направам нешто ново, да креирам нова улога.“
И, конечно, глумецот деновиве покрај обрските што ги има со претставите од редовниот репертоар на својата матична куќа, ги започна пробите за своето ново филмско остварување што како домашен продукт ќе започне да се снима наскоро.
Некои викаат ’така требало да биде‘ или ’судбина‘ или ’случајност‘, но јас мислам дека е одговор на се она што јас сум го живеел. Едноставно целата работа околу филмот беше
мој терет.
„Некои викаат ’така требало да биде‘ или ’судбина‘ или ’случајност‘, но јас мислам дека е одговор на се она што јас сум го живеел. Едноставно целата работа околу филмот беше мој терен.“
Филмот е снимен со скромни средства, но со многу генерациски ентузијазам, а за остварената соработка со колегите Тони Михајловски и Камка Тоциновски, Симонов дополнува дека:
„Сите ’ископавме‘ во себе она што природно го носиме како луѓе и мислам дека тоа се гледа многу и луѓето уживаат во нашата едноставна игра.“
Сепак, тој остава филмот и нивните остварувања во него различно да бидат толкувани.
„Глупаво е да има еднострани критики, мора да има различност за да има прогрес во целата работа.“
По над две децении минати на сцената во МНТ и со неколку силни
Глупо е да има еднострани критики, мора да има различност за да има прогрес во целата работа.