Достапни линкови

Што со милитантите на Исламската држава во Сирија?


Милитантите на Исламската држава пред вратите на Европа?
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:09 0:00

Милитантите на Исламската држава пред вратите на Европа?

Битката за последната територија на Исламската држава во Сирија продолжи во текот викендот. Според наводите од теренот, милитантите се соочуваат со пораз. Тоа пак го покренува прашањето што ќе се случи со оние што од нив ќе преживеат, особено ако се има предвид фактот дека е планирано повлекување на американските војници од земјата.

Битката за последната територија на Исламската држава во Сирија продолжи и изминатиот викенд. Се верува дека оваа милитантна група сега била потисната на територија од околу 700 метри.

Претставници на курдските воени сили што го предводат нападот наведуваат дека милитантите би можело да бидат победени во секој момент.

Ситуацијата е отежната поради тоа што илјадници цивили кои се заглавени на таа територија се користеле како човечки штитови.

Сегашната територија што е под контрла на Исламската држава е сенка од она што пред пет години беше во рацете на милитантите во Сирија и во соседен Ирак, а што го нарекуваа калифат.

Но, сега се поставува прашањето што ќе треба да се прави откако ќе завршат борбите?

Во саботата американскиот претседател Доналд Трамп на твитер напиша дека европските сили треба да превземат стотици заробени милитанти и да ги изведат на суд.

Неговата позиција е дека европските сојузници не прават доволно во војната и ако Европа не ги преземе затворениците, Вашингтон ќе биде принуден да ги ослободи што пак, би значело хаос на улиците во Европа.

Соединетите држави по оваа битка планираат постепено да се повлечат од Сирија што пак ги вознемири сојузниците.

Самото губење на територијата на Исламската држава не значи и дека оваа групата е искоренета.

Кога ја изгубија нивната територија во Ирак, на пример, тие уште долго време таму вршеа напади.

Обединетите нации проценуваат дека во Сирија и во Ирак би можело се уште да има околу 18.000 припадници на Исламската држава.

Големо прашање, исто така е што ќе се случува со Курдите.

Тие беа столбот на напорите на САД во Сирија, со оглед на американското оружје, советниците и воздушната поддршка.

Меѓутоа, еден голем играч, Турција смета дека Курдите се терористи. Без Соединетите држави, тие сега се повеќе се вртат кон Русија и сирискиот претседател Башар ал Асад за да им гарантираат заштита.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG