Достапни линкови

На Уставните судии им е дебел вратот оти сами си ги зголемуваат додатоците


Илустрација
Илустрација

Жестоки реакции во јавноста предизвика одлуката на уставните судии да си ги зголемат додатоците за плата за една третина. Уставниот суд реагираа дека „тоа било последниот чекор кон остварување на целосна самостојност и независност на судот“.

Не прашувај што може некој друг да направи за тебе, прашај се како ти сам може да си помогнеш, коментираат граѓаните на социјалните мрежи, парафразирајќи ја познатата изјава на поранешниот американски претседател Џон Кенеди, по веста дека уставните судии сами си изгласале додатоци во висина до 35 отсто од месечната плата за да бидат исти како судиите и обвинителите.

Но, зголемувањето не е направено во Парламентот преку Закон, туку уставните судии си ги зголемиле додатоците преку нивниот Деловник за работа, на што реагираше и Антикорупциската комисија. Одлуката била донесена на 22 октомври, но информацијата сега излезе во јавноста.

По жестоките критики во јавноста, Уставниот суд реагираа дека „тоа било последниот чекор кон остварување на целосна самостојност и независност на судот“. Уставниот суд заклучил дека во однос на овие прашања, „не само што е далеку под нивото на уставните судови на другите држави, туку е далеку под статусот од некои домашни органи основани со закон“ и оти тие имаат право да ги зголемат додатоците со Деловникот за работа.

Дел од граѓаните реагираат дека во време на корона-криза, кога здравствениот систем и стопанството се пред колапс, државни функционери си ги зголемуваат привилегиите.

Други, пак, се мислат дали ја промашиле професијата.

Дел од граѓаните потсетуваат дека Уставниот суд во април експресно забрани да се кратат платите, по владината одлука функционерите да примаат минимална плата од 14500 денари во за да се заштедат пари во буџетот за справување со коронавирусот. Претседателот на Уставниот суд Сали Мурати тогаш праша: „Зошто од гладни луѓе да бидеме уште погладни, народски кажано?“.

Уставниот суд сè уште не одлучил дали биле уставно повлекувањето на помилувањата на обвинетите од СЈО од страна на претседателот Ѓорге Иванов. Ако судот одлучи дека повлекувањето на амнестиите биле неуставно, сите осудени и обвинети ќе завршат на слобода.

  • 16x9 Image

    Срѓан Стојанчов

    Новинарската кариера ја започна како новинар во внатрешно-политичката рубрика на дневниот весник Шпиц во 2008 година. Роден е на 27.10.1981г. во Скопје. Од февруари 2009 работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

Трендинг е седмична рубрика на Радио Слободна Европа на македонски јазик, во која автентично ви пренесуваме дел од највпечатливите коментари на социјалните мрежи за одредена тема. Пренесените коментари се мислења или ставови на авторите на коментарите и не се дел од уредувачката политика на РСЕ.

Повеќе
XS
SM
MD
LG