Со наредби против малите сипаници
Светската здравствена организација соопшти дека бројот на заболени од мали сипаници ширум светот, во првите три месеци од 2019 година, се зголемил четири пати во однос на истиот период минатата година. Во Македонија веќе има околу илјада заболени и неделава беше прогласена епидемија. Сега се тргнува со апели и кампања за вакцинирање.