Достапни линкови

Сиромаштија и историја - Вие коментирате


Скопје - бездомник во парк
Скопје - бездомник во парк

Интервјуто со проф. Драги Ѓоргиев од историската комисија, промените во законот за навреда и клевета и преговорите за минималната плата беа трите најкоментирани објави на Фејсбук страницата на Радио Слободна Европа изминатите 7 дена.

Синдикатот и работодавачите не се договорија за покачување на минималната плата и Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) го повика членството да излезе пред Собранието во четврток, кога пратениците треба да гласаат за Законот за минимална плата.

Мининалната плата и предупредувањето за штрајк

РСЕ ги следеше средбите и по неколкуте информации, еве ги коментарите на нашата ФБ страница: Анна Јакимова вели: „Ако блокираат ќе одат на биро за вработување. Во криза не е време за штрајкови“.
Зоран Кочовски има друго мислење: „Пратениците, на позицијата и опозицијата, најостро ќе го отфрлат законот затоа што 90% од работодавачите се они“, а пак Ферик Белули коментирал: „Со покачените цени во последно време и 100% покачување плата е малку!!!“.
Јасен Видов, пак, смета дека преговорите се смешни бидејќи минималната плата е законско решение, „што значи Собранието, односно пратениците се тие што ќе кажат дали ќе има поголема минимална или не! Синдикатите и работодавачите не важат кога со закон се регулира, да не се лажеме“.
Но некои наши посетители се чини ја гледаат и другата страна на паричката, па Божо Веселиноски потсетува: „Владата на СДСМ била и ќе остане со работниците. Само вие од ССМ престанете да им верувате на ВМРО!“ А Тони Велков напишал: „Едните ги финансираат другите за време на кампањи. А после преку нив перат пари и делат тендери на истите тие тајкуни (а не работодавачи)...“.

Неделно интервју со проф. Драги Ѓоргиев

Неделното интервју на РСЕ беше со проф. др Драги Ѓоргиев, копретседател на мешовитата македонско-бугарска комисија за историски прашања и предизвика голм број коментари на официјалната ФБ страница на РСЕ. Ѓорѓиев во интервјуто, покрај другото, вели дека „Бугарија не сме можеле да ја дефинираме како класична фашистичка земја“... и предлага Комисијата да паузира две години за да се нормализираат односите помеѓу двете земји. Димитар Делевски веднаш коментирал: „... тоа значи две години замрзнување на преговорите со ЕУ“. А Катерина Тодоровска му возвраќа: „Не, предлага две години да зема пари за глумење Комисија“. Боро Поповски со мислење: „Овој едно денес, друго утре... нема став, како му свират така игра...“ и коментарот го завршува со навредлив збор. Коста Тодев бара од Ѓоргиев да одговори: „Во чија Оска беше Бугарија и која идеологија била тогаш“. Лиле Бошевска напишала: „Со кого беше Бугарија сојузник во Втората светска војна – со фашистичка Германија која не го негира тоа“.

Промена во предлог законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета

Има ваши коментари и по информацијата дека новиот министер за правда, професорот Никола Тупанчевски иницира промена во предлог законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета што е во собраниска процедура, затоа што формулацијата „одговорност за негативно мислење“ е погрешна. Предлог законот е поднесен од претходната Влада лани во јули, а претставници се поранешниот министер за правда Бојан Маричиќ и тогашниот и актуелен заменик министер, Агим Нухиу. Некои наши посетители, се јавиле со негативни коментари, како на пример Бранко Галев: „Ова е бетер од цензура во едноумие...“ Или Ленин Толомамноски: „...Значи ако некој краде и се богати, по ваше не смее да има критики“. Блажо Хогар Страшниот им обрнува внимание: „Читајте убаво пред да коментирате. Обратно е. Професорот (Тупанчевски) сака баш таа глупост со казните за критики да ја смени“.

  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG