Достапни линкови

Сведочење: За Фејсбук профитот е пред луѓето


Фејсбук е свесен за очигледната штета што им ја нанесува на тинејџерите
Фејсбук е свесен за очигледната штета што им ја нанесува на тинејџерите

Поранешен менаџер за податоци на Фејсбук во сведочењето во американскиот Конгресот изјави дека услугите на гигантот на социјалните мрежи им штетат на децата и оти компанијата одбива да направи промени, бидејќи му дава предност на профитот над безбедноста на луѓето.

Френсис Хауген сведочеше во Поткомитетот на Сенатот за заштита на потрошувачите. Таа ја обвини компанијата дека е свесна за очигледната штета што им ја нанесува на некои тинејџери и дека компанијата била нечесна во јавната борба против омразата и дезинформациите.

Хауген излезе со широка осуда на Фејсбук, поткрепена со десетици илјади страници на внатрешни истражувачки документи што тајно ги копирала пред да ја напушти својата работа во единицата за граѓански интегритет на компанијата.

ЕУ се закани со мерки против говорот на омраза на интернет

Таа, исто така, поднесе жалби до федералните власти во кои тврди дека истражувањето на Фејсбук покажува дека ги зголемува омразата, дезинформациите и политичките немири, но компанијата го крие тоа.

Хауген изјави дека решила да зборува јавно затоа што верува оти „производите на Фејсбук им штетат на децата, ја поттикнуваат поделбата и ја ослабуваат американската демократија“.

„Раководството на компанијата знае како да ги направи Фејсбук и Инстаграм побезбедни, но нема да ги направи потребните промени, бидејќи го стави својот астрономски профит пред луѓето“, рече таа во своето сведочење, додавајќи: „Потребна е акција на Конгресот. Тие нема да ја решат оваа криза без ваша помош“.

Откако неодамнешните извештаи во „Волстрит џурнал“, врз основа на документи што таа ги објави во весникот, предизвикаа негодување во јавноста, Хауген го откри својот идентитет во интервју за Си-Би-Ес, емитувано во неделата вечерта.

Поранешната вработена што го предизвикува гигантот со 2,8 милијарди корисници ширум светот и скоро трилион долари пазарна вредност е 37-годишен експерт за податоци од Ајова со диплома за компјутерско инженерство и магистер по бизнис од Харвард. Пред да биде регрутирана од Фејсбук во 2019 година, таа работеше 15 години во технолошки компании, вклучувајќи ги Google, Pinterest и Yelp.

Казна од 5 милијарди долари за Фејсбук поради кршење на приватноста

Комисијата ја испитува употребата на информации на Инстаграм што може да укаже на потенцијална штета за некои од нејзините млади корисници, особено девојчињата, додека јавно ги минимизира негативните влијанија.

За некои од тинејџерите посветени на популарната платформа за споделување фотографии на Фејсбук, Инстаграм, притисокот од врсниците генериран од визуелно фокусиранта платформа доведе до проблеми со менталното здравје, а во некои случаи, нарушувања во исхраната и самоубиствени мисли, покажа истражувањето што го откри Хауген.

Едно внатрешно истражување спроведено во Фејсбук наведува дека Инстаграм на 13,5% од тинејџерките им ги засилува мислите за самоубиство, а на 17% тинејџерки им ги влошува нарушувањата во исхраната.

„Компанијата намерно крие витални информации од јавноста, од американската влада и од владите низ целиот свет“, вели Хауген во своето писмено сведочење.

„Документите што му ги доставив на Конгресот докажуваат дека Фејсбук постојано ја доведува во заблуда јавноста за тоа што открива сопственото истражување за безбедноста на децата, ефикасноста на неговите системи за вештачка интелигенција и нејзината улога во ширењето раздорни и екстремни пораки“.

Додека дебаклот на односите со јавноста во врска со истражувањето на Инстаграм растеше во минатата недела, Фејсбук ја прекина својата работа за детска верзија на Инстаграм, за која компанијата вели дека е наменета главно за тинејџери на возраст од 10 до 12 години.

Во прашање се алгоритми кои регулираат што се појавува на вестите на корисниците и како тие фаворизираат содржина со омраза.

Насилството меѓу учениците се шири на интернет

Хауген, која се фокусираше врз алгоритамските производи во својата работа на Фејсбук, рече дека промената на протокот на содржина во 2018 година придонела за поголема поделба во мрежата која, наводно, е создадена за да ги зближи луѓето.

Поранешната вработена во Фејсбук Франсис Хауген е пречекана од сенаторот Ричард Блументал додека пристигнува да сведочи во Сенатот
Поранешната вработена во Фејсбук Франсис Хауген е пречекана од сенаторот Ричард Блументал додека пристигнува да сведочи во Сенатот

И покрај непријателството што го хранеа новите алгоритми, Фејсбук откри дека тие помагаат луѓето повторно да му се враќаат - шема што му помогна на гигантот на социјалните медиуми да продаде повеќе дигитални реклами што генерираат најголем дел од неговиот приход.

Хауген вели дека Фејсбук предвреме ги исклучила заштитните мерки дизајнирани да спречат дезинформации и поттикнување насилство откако Џо Бајден го победи Доналд Трамп во минатата година, наведувајќи дека тоа придонело за смртоносниот напад на 6 јануари врз американскиот Капитол.

По изборите во ноември, Фејсбук ја распушти единицата за граѓански интегритет каде што работеше Хауген. Таа вели дека им рекла на директорите на Фејсбук кога ја регрутирале дека сака да работи во област на компанијата која се бори против дезинформациите, бидејќи изгубила пријател од теории на заговор преку Интернет.

Фејсбук тврди дека тврдењата на Хауген се погрешни и инсистира на тоа дека нема докази што ја поддржуваат претпоставката дека тоа е примарната причина за социјална поларизација. Хауген пак вели дека верува оти со нејзиното појавување ќе помогне да се поттикне владата да воведе прописи за активностите на Фејсбук.

Како и колегите од технолошкиот гигант Гугл, Амазон и Епл, Фејсбук со години ужива минимална регулација од Вашингтон.

Промена на конфигурацијата, причина за падот на услугите на Фејсбук

Пред сведочењето на Хауген во Конгресот, масовен неколкучасовен глобален прекин ги доведе Фејсбук, Инстаграм и платформата за пораки на компанијата WhatsApp во хаос.

Фејсбук се извини за прекинот, наведувајќи дека прекинот бил предизвикан од неисправните промени во конфигурацијата на неговите рутери.

„Нашите инженерски тимови утврдија дека промените во конфигурацијата на основните рутери кои го координираат сообраќајот на мрежата помеѓу нашите центри за податоци, предизвикаа проблеми што ја прекинаа оваа комуникација“, беше наведено во соопштението на Фејсбук.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG