Берни Сандерс, прогресивен сенатор од Вермонт, по победата не ги нападна партиските ривали кои постојано го критикуваат поради неговите екстремно леви ставови.
Според нив, тие ќе ја одведат Демократската партија до пораз на изборите на 3 ноември против републиканскиот претседател Доналд Трамп.
„И, дозволете ми да кажам вечерва, дека оваа победа тука е почеток на крајот на Доналд Трамп“.
Сандерс, изразувајќи им благодарност и почит на другите кандидати, како Пит Бутиџеџ, Ејми Клобучар, Елизабет Ворен и Џо Бајден додаде:
„Ќе се обединиме заедно, ќе се обединиме заедно за да го победиме најопасниот претседател во модерната историја на оваа земја“.
Умерениот Пит Бутиџеџ, 38-годишен поранешен градоначалник на Јужен Бенд, Индијана, го освои второто место откако го претрка Сандерс во минатонеделниот хаотичен и спорен прв натпревар во Ајова.
Сенаторката Ејми Клобучар, заврши на третото место, додека поранешниот потпретседател Џо Бајден, кој некогаш беше водечки во демократската трка, стигна до својата втора последователна слаба завршница, петото место.
Во Ајова беше на четвртото место.
Бајден, според посматрачите, сега со сигурност ќе се соочи со прашање во врска со одржливоста на неговата кампања и неговата способност да консолидира умерена поддршка против кандидатите во подем како Бутиџеџ и Клобучар.
Изборите во Њу Хемпшир се посебно значајни, особено по тесниот исход на претходните партиски избори во Ајова кои ќе бидат запамтени по бавното објавување на резултатите поради проблем со апликацијата која се користи за собирање на гласовите.
Сандерс по победата во Њу Хемпшир, иако станува збор за мала држава, би можело да има предност и во наредните партиски избори во Невада и Јужна Каролина кои се одржуваат во февруари по што на 3 март ќе се гласа во 14 други држави.
Демократите својот кандидат ќе го изберат на партиска конвенција во јули годинава.
Во Њу Хемпшир митинг имаше претседателот Доналд Трамп кој ги критикуваше кандидатите на демократите дека „не знаат што прават“.