Достапни линкови

„Сам себе се победил“ - вие коментирате


Премиерот и претседателот на СДСМ Зоран Заев
Премиерот и претседателот на СДСМ Зоран Заев

СДСМ и ВМРО ДПМНЕ се преброија. Едните го ре-избраа Заев а другите против пописот, наведува еден читател на нашата ФБ страница кој на двете партии им порачува да се фатат за работа оти им недостигаат гласови за на избори

„Сам себе се победил“, коментирал Горан Димовски; „Дека јака конкуренција имаше“, напишал Петровски Петар и додал: „И Заев бил да гласа, гласал за другиот Заев...“ – ова се дел од коментарите на нашата ФБ страница откако во неделата, по изминатиот мандат, Зоран Заев беше повторно избран за претседател на СДСМ на директните избори од нешто над 59 000 регистрирани членови на Партијата. Имало и 865 гласа против и 277 неважечки ливчиња.

И другите постови се на таа линија – дека Заев бил единствениот кандидат со алузии дека тоа што немало други кандидати на листата било недемократски. Митра Стојановски постирала: „И по Тито пак Тито“. Има само една порака со честитки од Јане Трајчов. Александар Сико Стојановски, меѓутоа со проекција и порака до двете најголеми партии: „59.240 гласа сигурни за наредни избори, шу праиме уште 270.000 треба... а овие од ВМРО што се пробаа со тоа против попис, колку имаа!? Сега ги измерија силите... АЈДЕ ДВЕТЕ ПАРТИИ НА РАБОТА, ВИ НЕДОСТИГААТ ГЛАСАЧИ...“

Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ оценуваат дека „со овие внатрепартиски избори СДСМ севернокорејската демократија“, како што наведува Партијата, сѐ повеќе продирала во Македонија. А Младен Марковиќ реагира смеејќи се: „Ха ха ха а кај вас демократија како во скандинавските земји“. Кире Велјановски се надоврзува: „Кажува криминалното друштво ДПМНЕ кое 11 години не смееше збор да му каже на Груевски“. А Никола Давчев полемизира дека „Груевски отворил и фабрики, патишта правеше и автопати, Македонија не беше обезличена пред светот, не дозволи фалш попис...“ Кире Велјановски му одговара: „Доста со тие финти. 30 години глумите лажни патриоти. Со кого беше Груевски 11 години на власт? Со ДУИ ли беше?... Тогаш беше океј, така? Еден попис не можеше да направи а потроши пари...“ И така во недоглед трае полемиката помеѓу Велјановски и Давчев, спомнувајќи кинески провизии, слобода на говорот...


Редовното неделно интервју на РСЕ е со претседателката на Државната антикорупциска комисија, Билјана Ивановска, во кое покрај другото зборува и за најновата покрената истрага за договорот со италијанската фирма „Леонардо“ за набавка на радарски системи и поврзаноста на поранешниот генерален секретар на Владата, Драги Рашковски со тоа.

Одлуката на Уставен за мораториумот во Општина Центар „не држи вода“
please wait

No media source currently available

0:00 0:13:46 0:00

Но граѓаните изгледа слабо веруваат во институциите, па ФБ коментарите ја отсликуваат токму таа недоверба: „Ќе заврши во фиока? Досега нема нешто да сте сработиле...“, постирала Карина Васка, а Дилавер Ибраим бара позитивни постови: „Ајде напишете еден пост да е добар, во корист на сите нас народов... Освен скандали и криминали ништо друго“, веројатно алудирајќи на информациите што се објавуваат.

ВМРО-ДПМНЕ реагира и на информацијата дека партнерот на министерката Мила Царовска склучил договор со Град Скопје за снимање на шумите околу главниот град со своите дронови. „Еееј, ало, ако е ова точно сте забегале и галиба крај ќе е, нема друго“.

  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG