Воведување на полициски час од 22 часот навечер до 5 часот наутро, на територијата на целата држава, заради спречување на ширењето на мутациите на коронавирусот, според економистите нема да донесе посериозена штета врз економијата, но тие предупредуваат дека евентуално носење на какви било други порестриктивни мерки како оние од минатата пролет или тие кои се повторно на сила во одделни земји во Европа, македонската економија нема да може да ги издржи.
До барањето за воведување на полициски час ноќно време доаѓа во ситуација кога бројот на новозаразени од коронавирус веќе месец и половина се зголемува и за повеќе од еден месец дневниот биланс на заразени е зголемен за 2,5 пати, додека најмногу активни случаи освен во Скопје има и во Неготино, Кавадарци, Прилеп и во Гевгелија.
Професорот Зоран Ивановски вели дека здравјето е приоритет, но оти државата мора да води сметка и за економијата.
“Предложената мерка нема да има посерзиозни имликации врз економијата имајќи предвид дека оние производствени процеси кои не може да се прекинат ќе обезбедат дозволи за непречено одвивање на процесот. Економијата една година е под притисок на пандемијата и треба да се биде претпазлив за ефетките врз економијата, но оваа мерка нема да има посериозно влијание”, вели професорот Ивановски.
Тој, меѓутоа, дополнува дека никако не би подржал повторно воведување на порестриктивни мерки по примерите на некои европски земји кои во изминатиот период донесоа построги ограничувања на работата, нагласувајќи дека во земјава веќе нема простор за дополнителни задолжувања.
“Она што се случува на пример во Австрија или во Германија каде работат само продавници за хранa и аптеки тоа за нас би било дрaстичен удaр и тоа тешко дa може да се сервисира од буџетот . Тие земји со своите буџети лесно ќе ги покријат загубите на субјектите кои чувствуваат последици од затворањата. Но, нашата економија и владата е излезна од комфорната зона за некои дополнителни задолжувања и веќе нема простор. И затоа потребна е претпазливост од граѓаните во однос на почитување на превентивните мерки и на компаниите со цел државата да не се доведе во ситуација да воведува вакви мерки, зашто нема со што да ги финансира, а второ можно е дека ќе влеземе во друг ризик а тоа преголема задолженост и понатаму тоа да донесе и проблем на неликвидност на буџетот”,вели професорот Ивановски.
До неговиот коментар доаѓа во ситуација кога државата годинава планира да се задолжи за скоро 1,3 милијарди евра, од кои ќе врати стари долгови од над 700 милиони евра, а останатите 570 милиони евра се за тековни трошења.
Во оваа насока беше и последната еврообврзница од 700 милиони евра, што ја издаде државата. Со тие пари ќе се врати еврообврзницата од 500 милиони евра издадена во 2014 година, а останатите 200 милиони евра се за други трошоци на државата.
Премиерот Зоран Заев пак , преставувајќи го петтиот пакет економски мерки, рече дека овој пакет е последен со директно помагање, оти се очекува излез од кризата и раст и развој на економијата.
Инаку некои европски земји веќе ги заострија мерките поради големиот пораст на бројот на заразени лица. Франција минатата недела обајви дека размислува да воведе дополнителни ограничувања во областите каде што се влошува здравствената состојба. Дванаесетчасовниот полициски час веќе е на сила во делови на Франција. Германија пак, ги ограничи влегувањата во земјата и го сведе на минимум меѓународниот воздушен сообраќај уште во јануари.
Зачувување на економија или на здравјето?
Доктор Злате Мехмедовиќ, докторант по јавно здравје вели дека економијата и медицината се две различни науки. Тој се согласува дека тие се обединуваат во областа на јавното здравје. Меѓутоа, Мехмедовиќ наведува дека е погрешно да се гледааат економските причини поради кои не би требало да се засилат мерките. Тој вели дека "епидемилозите се тие што треба да дадат егзактно проценка што треба да се направи врз основа на медицинските докази, а оти врз економските показатели се носат политики за нивото на одредување на квалитетот на јавното здравје".
Министерот Венко Филипче кажа дека ограничувањето на движењето по 22 часот се предлага поради групирања на луѓето и по затворањето на угостителските објекти без почитување на превентивните мерки. Полицискиот час ќе биде воведен во траење од две недели и не се планирани викенд карантини како минатата година. Но, министерот не исклучува продолжување на полицискиот час или дополнителни рестриктивни мерки во ситуација ако бројките на новозаразени продолжат да се зголемуваат. Засега угостителските објекти остануваат отворени до 21 часот, а парковите и јавните површини остануваат отворени за користење откако изминативе денови беше забележано поголемо групирања и преку ден.
Освен воведување на полициски час дел од лекарите сметаат дека едно од решенија за намалување на ширењето на болеста е и спречување на оние кои ги кршат правилата за превенција.
Доктор Злате Мехмедвиќ нагласува дека превентивните мерки се идентични од почетокот на пандемијата, но оти е важен начинот и интензитетот според кој тие се применуваат.
“Дали ќе направите процес на одвојување на лицата едни од други преку ограничување на движење дали ќе ги засилите контролите на примена на превентивните мерки, како носење лична заштитна опрема и маска и одржување на хигиена на раце кое се прави со едукација, зависи од надлежните, но секоја од овие форми на заштита треба различно да се адресира. Еден од основните начини како да се засилат превентивните мерките е процесот на ограничување на движење и тоа зависи од надлежните институции, кои одлучуваат дали мерките ќе ги засилат или релаксираат, во моментов она што светот го прави секаде и каде што гледаме резултат е дека се засилуваат тие мерки на рестрикција на движењата и ограничување на контактите со цел да се намали трансмисијата на оваа попренослива варијанта на вирусот”,вели доктор Мехмедовиќ.
Во земјава има околу 9000 заразени со ковид-19, а над 70 отсто од новите случаи се од британскиот сој на коронавирусот, кој е попренослив.
Полициски час ноќе, наместо порестриктивни мерки
Инаку, по ноемврискиот бран, бројот на заболени постојано се намалуваше и на 20 јануари имаше 250 случаи дневно во просек, но оттогаш постојано бројот полека се зголемува и во изминативе 20 дена билансот на новозаразени дневно ја надмина бројката 800 тини заболени дневно.
Воведувањето на полициски час лани во март ги затвори училиштата, како и дел од угостителските локали, и повеќе други објекти, а лицата кои се постари од 65 години минатата пролет можеа само еднаш дневно да купуваат и тоа во раните утрински часови.
Ќе се воведе ли полициски час, односно нови порестриктивни мерки е прашање кое подолго време се споменуваше во јавноста.
Иако во последниот период во Македонија бројот на новозаразени од корона вирусот секојдневно се зголемуваше, министерството за здравство Венко Филипче кажуваше дека нема причини за воведување на рестриктивни мерки и апелираше да се почитуваат постоечките мерки за носење маска, држење дистанца и одржување на лична хигиена.
Но, потоа министерот Венко Филипче рече дека не ја исклучува можноста од воведување порестриктивни мерки и дека во таа насока ќе се следи епидемиолошката состојба. Тој во деновите од изминатиот викенд рече дека во ниеден од неколкуте градови каде има зголемен број на новозаразени не се исполнети условите да се препорача ограничување на движењето, но дополни дека ситуацијата се следи. Две дена подоцна, на почетокот од оваа недела ток кажа дека е предложено воведување полициски час во целата држава.