Достапни линкови

Пандемијата ја потенцира важноста за домашно производство на храна


Луѓе со заштитни маски на пазар...
Луѓе со заштитни маски на пазар...

Под влијание на пандемијата се шири тренд за поддршка на домашните земјоделци, но и за индивидуално производство на храна. Но, фармерите се загрижени дека може да се соочиме и со недостига на храна зошто Македонија увезува околу 50 проценти од земјоделските производи.

Пандемијата меѓу луѓето во Македонија ја освести важноста за неопходноста од поддршка на домашните земјодеци, но и за индивидуално производство на храна.

Билјана Петровска Митревка од Националната федерација на фармери, вели дека граѓани се повеќе се вртат кон домашните производители и бараат тие да им станат што поголем снабдувач на храна.

“Имаме јавувања во нашата организација дека голем број граѓани се заинтересирани за купување на домашни производи односно сакаат да купуваат директно од земјоделци, а има и голем број на онлајан огласи за поврзување меѓу граѓани и земјоделски производители",вели Билјана Петровска Митревка од Националната федерација на фармери.

До промени во однесувањето на некои потрошувачи доаѓа во време кога Светската здравствена организација, Обединетите нации и Светската трговска организација во изминатите месеци предупредија дека постои ризик од недостиг на храна во светот како резултат на влијанието на вирусот врз светската трговија и синџирите на снабдување.

Милица Петрушевска управител на "Аква Поника", земјоделско стопанство кое се занимава со производство на органски производи во Орешани , вели дека дека во изминатите неколку години граѓани се повеќе се вртат кон домашните производи кои не е третирана со пестициди. Но, пандемијата дополнително го зголеми интересот и ја освестила важноста за храната.

“Имавме зголемување на посетеноста во изминатиов период во нашата "зелена република" во село Орешани, дојдоа луѓе да си наберат производи, да помогнат, да поднаучат нешто. Пандемијата не потсети на важните работи, а тоа е здравјето, а за тоа битна е храната, физичката активност и чистиот воздух” вели Милица.

Но, луѓето кои се занимаваат со земјоделство укажуваат дека пандемијата одеднаш сите ги освести и за ранливоста на оваа стопанска гранка.

Отворање на границите за спас на земјоделците и сточарите

Пред неколку месеци поради затворање на границите беше намалена побарувачката за извоз на зелката, јагнето и грозјето и со тоа падна откупната цена на овие производи кај нас.

Имајќи ги на ум штетите кои ги трпат домашните земјоделци поради затворањето на границите, Федерацијата на фармери деновиве почна кампања насловена како "Купувајте домашни земјоделски производи" со цел кај граѓаните да потикнат зголемување на купување на зеленчук, овошје, млеко и сирење од домашни производители од малото стопанство.

Во рамки на капањата Федерацијата изработи и флаери кои се делат низ зелените пазари и маркетите.

Зборувајќи какви последици може да донесе пандемијата во земјоделството во иднина, Билјана укажува веќе има недостиг на сезонски работници, а тоа дополнително може да доведе до загуби на храна.

“Направивме анализа за земјоделството и последиците и корона вирусот и се идентификува дека синџирите со храна се нарушени, има недостиг на работна сила - сезонски работници, особено кај интензивните земјоделски култури . Тоа може да доведе до загуби на храна”, предупредува таа.

Од Федерацијата укажуваат дека домашното производство не смее да пропаѓа и оти е потребна поддршка од државата з а негов опстанок.

Немаме и сертифицирани земјоделски семиња

Како еден од проблемите во земјоделството присутен со години пак се посочува и тоа дека политката на државата не го јакнеше производството на сертифицирано семе за градинарски производи со што производителите може да имаат поголемо производство.

Милица Петрушевска од "Аква поника" вели дека тие се снаоѓаат да најдат домашно семе, но оти тоа не е доволно за поголемо земјоделско производство.

“За професионална употреба во смисла семиња кои може да ги ставиме во еден посериозен бизнис процес земјоделски тоа е многу тешко остварливо . Јас колку што знам не постојат семиња кои може да се најдат во аптеките од наши производители. Претпоставувам дека има разни причини за тоа, како економски така и поради политиките. Ние се снаоѓаме на разни начини, з а доматот го употребуваме семето од баба ми, кое е автохтоно, з а друго се снаоѓаме, а понатаму откако ќе успееме да го најдеме, сами го произведуваме семето. Но, добре е државата да изнајде решенија со кои може го потикне производството на автохтони семиња, зашто тоа е во основата на филозофијата на органското производство”,вели Милица.

Од Федерацијата наведуваат дека Македонија произведува и продава садници за овошки и за лозје и дел од семињата за житни култури, но оти нема домашни сертифицирани семиња за градинарски производи и тие се увезуваат.

“Апелиравме повеќе пати до институциите дека тоа е една од причините зашто нема договорно производство зашто треба да се наведе од кое семе е саден материјал” вели Билјана од Федерацијата.

Радио Слободна Европа побара одговор од Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство за причините поради кои во државата нема производство на автохтони семиња.

Добивме одговор дека ниту едeн од регистрираните снабдувачи во регистрите за семе и саден материјал во 2019/2020 година, нема пријавено производство на семе од автохтони сорти од градинарски растенија. Минстерството наведува дека снабдувачите со семе и саден материјал самостојно и врз основа на нивни деловни проценки за потребите на пазарот вршат производство на семе и саден материјал вклучително и семе од автохтони сорти од градинарски растенија.

" Со законски измени во 2016 година, во Законот за семенски и саден материјал за земјоделски растенија се додаде нов член 5-а, со кој на снабдувачите на семенски и саден материјал од автохтони сорти им се олеснуваат условите за запишување во регистарот на семенски и саден материјал од автохтони сорти и истиот е доуреден со Правилник за условите, формата и содржината на барањето за запишување во регистарот на снабдувачи на семенски и саден материјал од автохтони сорти" стои во одговорот од надлежното министерство.

На оваа тема професорката Гордана Поп Симонова од Факултетот за земјоделска наука и храна недамна за РСЕ кажа дека дека пред 10 години во рамки на меѓународен проект финсиран со пари од надвор направена е банака на автохтони семиња, но оти семињата не продолжиле да ги размножуваат поради недостиг на пари и услови.

Инаку, своевремено факултетот и Институтотот за земјоделство од државата на располагање имале опитно земјиште и на дел од површините произведувале и семенски материјал и тргувале со него.

Увозот повекратно поголемн од извозот

Во меѓувреме, за состојбите со земјоделскиот сектор зборува и податокот дека речиси двојно или повеќекратно е поголем увозот одколку реализираниот извоз.

Од Федерацијата на фармери се загрижени дека Македонија како увозно зависна земја, поради пандемијата може да се соочи со недостаток на храна.

Според официјалните податоци во 2019 година Македонија извезла храна во вредност од 367,3 милиони евра, што е зголемување од околу 15% од минатата година. Во истиот период, пак сме увезле храна во вредност од 670,7 милиони евра, речиси двојно поголем од извозот. Најголем увоз има кај месото, потоа кај зеленчукот и овошјето, а следат житарките, млеко и млечни производи и шеќерoт.

“Овие факти загрижуваат посебно сега со настанатата здравствена и економска криза предизвикана од ковид 19 , каде што ние како увозно зависна земја, може да се соочиме со недостаток на храна, а воедно и извозот да се намали, што ќе влијае негативно на македонската економија, кога ќе се земе предвид дека земјоделството учествува со 10 -12 % во БДП” велат од Федрацијата на фармери.

И податоците за извоз и увоз во 2020 година покажуваат намален извоз на прехрамбени производи во првиот квартал од годината. Извозот за првиот квартал од годината изнесува 135,3 милиони евра, што е за 10 % помал од претходната година кога изнесувал 148 милиони евра. Увозот пак бележи благо зголемување од 4,4% за првиот квартал од 2020 година.

  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG