Достапни линкови

Очекувања од средбата Вучиќ - Курти во Брисел


Белгија - Средба на високо ниво на дијалогот Белград-Приштина, Жозеп Борел , Мирослав Лајчак, Албин Курти, Александар Вучиќ, Брисел, 21 ноември 2022 година
Белгија - Средба на високо ниво на дијалогот Белград-Приштина, Жозеп Борел , Мирослав Лајчак, Албин Курти, Александар Вучиќ, Брисел, 21 ноември 2022 година

Лидерите на Србија и на Косово на 27 февруари седнаа на маса во Брисел. На агендата е договорот за нормализирање на односите меѓу двете страни. САД целосно го поддржуваат предлогот на ЕУ и очекуваат напредок од средбата.

Шефот за надворешна политика на ЕУ, Жозеп Борел, е домаќин на средбата меѓу косовскиот премиер Албин Курти и српскиот претседател Александар Вучиќ. Тие со месеци разговараат за договорот под дипломатски притисок на ЕУ и САД.

Борел и специјалниот претставник на ЕУ за дијалог меѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчак, најпрвин, од попладнето, разговараа одделно со Вучиќ и Курти, по што следи заедничка средба.


Европската служба за надворешни работи најави дека Борел ќе и се обрати на јавноста по заедничката средба.

Пред почетокот на средбата Борел на Твитер напиша дека очекува конструктивен пристап од двете страни.

Во Брисел ќе го направам она што е најдобро за нашата земја, рече Вучиќ, пред да отпатува во Брисел.

„На оние кои однапред се подготвуваат да не нападнат како да ќе потпишеме нешто, затоа што така ќе бидеме предавници, и однапред знаат дека сме виновни и дека се враќаме во деведесеттите, можам само да им кажам да не се грижат. Ниту ќе има капитулација, ниту ќе има враќање во деведесеттите. Србија ќе оди напред колку и да е тешко и ќе успееме да се избориме за тоа!“, вели Вучиќ во видео објавено на Инстаграм.



Ниту Србија, ниту Косово, ниту Европската унија (ЕУ) не го објавија текстот на договорот. Но, од ЕУ соопштија дека договорот вклучува взаемно признавање на официјални документи, зголемена финансиска помош и други мерки за подобрување на животот на луѓето и во Србија и во Косово.

Во документот не се споменува експлицитно меѓусебно признавање или членство на Косово во Обединетите нации, на што инсистира Косово.

Вучиќ вели дека планот предвидува Србија да не се спротивстави на вклучувањето на Косово во меѓународните организации, иако нема да мора формално да ја признае државноста.

Курти доби заедничко писмо од францускиот претседател Емануел Макрон, германскиот канцелар Олаф Шолц и италијанскта премиерка Џорџа Мелони пред средбата.

Европските лидери во писмото ги повикуваат Приштина и Белград без услови да ги спроведат досега постигнатите договори во рамките на дијалогот меѓу Косово и Србија, вклучително и оној за формирање на заедница на општини со српско мнозинство.

„Чекорите што претстојат за имплементација, треба да го одразуваат овој политички пристап, за страните да обезбедат дека Основниот договор и преостанатите обврски од дијалогот се соодветно адресирани без одлагање“, се наведува во писмото.

Курти тврди дека заедницата ќе му даде на Белград големо влијание во Косово, додека Србија смета дека име потребна таква заедница да за да заштитат правата на Србите.

Заедницата на општини со српско мнозинство беше договорена во 2013 година, додека во 2015 година беа договорени принципите по кои треба да се формира.

Шоле - Треба да се избегнуваат нови кризи на Косово
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:47 0:00


Вучиќ, според српската новинска агенција Бета, исто така добил писмо од тројцата европски лидери, но содржината на писмото не е позната.

Косово прогласи независност во 2008 година, со потег одобрен од САД, Обединетото Кралство и повеќето големи европски сили, но отфрлен од Србија и Русија.

Неодамнешните тензии меѓу Косово и Србија, заедно со руската инвазија на Украина, ги оживеа стравувањата од избувнување на војна во регионот.

По неодамнешните средби со дипломати, Курти и Вучиќ сигнализираа поддршка за планот, но и се пожалија на одредени аспекти од договорот.

Косово и Србија повеќе од десет години водат дијалог за нормализација со цел да се постигне конечен договор. Сепак, страните имаат различни очекувања за тоа како би требало да изгледа. Косово инсистира на меѓусебно признавање, а Белград бара компромисно решение.

Специјалниот советник во американскиот Стејт департмент, Дерек Шоле во телефонски разговор со претседателот на Србија, Александар Вучиќ, истакнал дека Соединетите Американски Држави целосно го поддржуваат предлогот на Европската унија за нормализирање на односите меѓу Белград и Приштина.

Шоле очекува средбата на албанскиот премиер Албин Курти и српскиот претседател Вучиќ во Брисел да биде конструктивна, со забележителен напредок кон договор.

Тој исто така кажал дека треба да се спроведат договорите, претходно потпишани во процесот на дијалог, што вклучува и формирање на Заедница на српски општини.

XS
SM
MD
LG