Достапни линкови

Здружено за погласно: Националниот младински совет прима нови членки


Настан на Национален младински совет на Македонија
Настан на Национален младински совет на Македонија

Национален младински совет на Македонија очекува проширување на своето членство по актуелниот отворен повик за нови заинтересирани за здружено делување, во име на унапредување на положбата на македонската младина.

Младинската организација Национален младински совет на Македонија, во пресрет на Генералното собрание, во септември, 2021 година, ги отвора вратите за влез на нови членки. Повикот се однесува на младински организации, Организации за млади, Сојузи, Подмладоци на други организации и Универзитетски собранија.

Во НМСМ ја истакнуваат важноста на здруженото и заедничко делување за работа во насока на унапредување на положбата на македонската младина.

„Пoкрaј oвa, кaкo глaвнa придoбивкa oд пoстoењетo нa НМСМ фoкусирaнa oпштo кoн младите, членувaњетo кaј нaс знaчи и пoддршкa зa нaдгрaдувaње и прoширувaње нa кaпацитетите нa секoјa еднa членкa, пa така вo изминaтиве месеци успеaвме дa oвoзмoжиме финaнсискa поддршка зa рaбoтење нa нaшите 7 региoнaлни канцеларии, финaнсискa поддршка зa 17 членки кoи сакаа дa организираат дебaти нa лoкaлнo нивo, бесплатнo кoристење нa прoстoр, плaтфoрми, дaдoвме доста препoрaки и номинации зa учествo вo меѓунaрoдни и национални сoветoдaвни телa. Дoпoлнителнo, нa пoвеќе oд 15 членки им oбезбедивме 30 плaтени прaктикaнти кoи ќе бидaт дел oд oргaнизaциите вo следните двa месеци, a 6 организации дoбијa ментoри сo кoи рaбoтaт нa стрaтешки плaнoви и плaнoви зa финaнсискa oдржливoст. Брoјкиве пoкажувaaт дека пoкрaј бенефитoт oд вмрежувaњетo и стекнувањето нa нoви кoнтaкти, членствo кaј нaс нуди мoжнoсти зa рaст и рaзвoј нa секoјa oргaнизaцијa кoјa е нaшa членкa“, додава за РСЕ, Алексaндрa Филипoвa- Кooрдинaтoрка зa членствo во НМСМ.

Алексaндрa Филипoвa, Координаторка за членство во Национален младински совет на Македонија
Алексaндрa Филипoвa, Координаторка за членство во Национален младински совет на Македонија

„Полесно е кога сме здружени“

Искуството на НМСМ покажало дека на институциите секогаш им е поедноставно да комуницираат со здружени групи на граѓани, наместо поединечно со голем број на субјекти од иста таргет група.

„Токму нашето здружување во Национален младински совет на Македонија успеа да резултира во заедничка соработка помеѓу институциите и младинските организации за креирање на Закон за младинско учество и младински политики, позитивна препорака за соработка помеѓу Националниот младински совет и државните институции при пилотирањето на Младинската гаранција дадена од страна на Европската комисија, организирање на првата владина младинска седница каде се дискутираа важни работи од интерес на младите и членките на НМСМ. Вакви примери каде при сплотено работење се постигнуваат големи успеси има голем број, а сите резултираат со позитивен импакт, кој некогаш може да се постигне при индивидуално делување, но секогаш е подобро и полесно при здружување“, изјави координаторката.

Новите членки имаат шанса да се придружат два пати годишно, пред пролетното и пред есенското Собрание на НМСМ.

„Во овие два случаи, сите пристигнати апликации се доставуваат пред делегатите на Собранието, се дискутира за нивното исполнување на условите за членство и се гласа дали ќе станат или не членка. Секако, ова не значи дека сите заинтересирани организации својата апликација не може да ја поднесат својата апликација во било кое време, па да почекаат да дојде време за нашето Собрание каде би ја разгледале пристигнатата документација“, вели Филипова.

Заинтересираните за членство може да аплицираат преку веб страницата на НМСМ. Рокот за апликација е до 12 септември, 2021 година.

  • 16x9 Image

    Емилија Бунтеска Нацоска

    Новинарската кариера ја почнува во 2007-ма година, во А1 телевизија. За време на своето искуство во телевизија, радио и онлајн медиуми, се фокусира на теми од културата, животниот стил, социјални теми и луѓе-приказни. Во тимот на Радио Слободна Европа се вклучи во јуни 2021 година.

XS
SM
MD
LG