Господине Мисајловски, со невлегувањето во собраниската сала за да не се обезбеди кворум, вашата пратеничка група дефакто ја блокира работата на Собранието. Од друга страна, се противевте на промена на собранискиот Деловник за да се овозможат онлајн седници, иако многу земји во време на пандемија функционираат на тој начин. Зошто? Која е вашата цел?
Апсолутно не станува збор за блокада на Собранието. Тоа да го разјасниме. Ова парламентарно мнозинство често вели дека има стабилно мнозинство и дека може да ги обезбеди пратениците за постојана работа на Собранието. Ако зборуваме за блокада на Собранието, тогаш блокадата би настанала во комисиите, со премногу амандмани за да не можат точките воопшто да стигнат на дневен ред на пленарна седница. Ова го објаснувам за да биде појасно. Последното случување во Собранието е еден вид на злоупотреба, и на Деловникот, но и на Уставот и законите, да донесете луѓе во скафандери да гласаат, а сега слушаме дека тие луѓе по два дена ќе дојдат во Собранието да гласаат без скафандери, значи сето тоа била една голема измама кон граѓаните, за тие да видат дека власта има сила и моќ. Зошто го велам ова? На таа седница се гласаа закони коишто не се толку итни. Ние баравме, не само ВМРО-ДПМНЕ, туку целата опозиција, веднаш да се стават точките коишто се важни за оној пакет на мерки којшто го најавуваше владата. Дали е тој доволен, граѓаните и компаниите најдобро ќе оценат, но ние велиме ставете ја да направиме мнозинство за таа точка да помине. Но, ако тие мислат дека за ниту еден закон ВМРО-ДПМНЕ и опозицијата не треба да разговара, да дебатира, а потоа да им направиме кворум, тоа нема да се случува. Тие постојано велат дека имаат стабилно мнозинство, а секоја наредна седница не можат да се соберат и треба да дознаваме од медиумите кој ден ќе се соберат да ги изгласаат точките, не само на една седница, туку точките од еден куп пленарни седници што се разговарале изминатите три-четири месеци. Еве да ви кажам дека во февруари дали имаше една седница, во март исто така. Значи, проблем е тие да се соберат ова е тенко мнозинство.
И што е излезот? Избори?
Се разбира. Еден од главните фактори за намалување на оваа политичка криза се избори. Зошто го велам ова? Затоа што тие немаат такво мнозинство како што сакаат да прикажат, бидејќи секој ден нема кворум за работа на Собранието. Јас не велам на комисиите, еве јас сум претседател на Комисијата за транспорт и екологија, и таму скоро секогаш имаме кворум, тие седници секогаш се одржуваат, има расправа, но денот кога ќе стигнат точките за гласање не може да се собере доволен број на пратеници од мнозинството. Или еве попластично да ви одговорам, дента кога требаше да се гласа овој пакет мерки, не кога дојдоа со скафандери, туку неколку дена претходно, неколку пратеници од ДУИ фалеа, и тие не беа заболени или слично, но не беа присутни на седницата и тоа беше дополнително фрлање масло на огнот, бидејќи тие сами не може да се соберат за своите закони. Затоа, една од основните работи за да се смири оваа ситуација и власта и Собранието да почнат нормално да работат се избори.
Критикувате дека Владата лошо се справува со пандемијата на корона-вирусот? Што требаше да направи? Каде погреши?
Ова прашање не засега повеќе од година ипол, може да кажам. Најголемата грешка, според мене, тоа што ѝ се дозволи на власта да има вонредна ситуација и во таа вонредна ситуација да се донесат сите можни подзаконски акти, законски акти, да се направи целосна стратегија за борба против пандемијата и на крајот на денот како да стигнат вакцини во Македонија. Тука е најголемото потфрлање, затоа што гледаме како сите земји се борат на кој било начин да ги обезбедат вакцините, а во Македонија ги нема за жал, или се во многу мал број. Јас поздравувам секој еден што ќе ни подари вакцини, навистина тоа е еден добар чин, но на крајот на денот гледаме дека оваа власт не е бори доволно, зборувам за дипломатска офанзива, за пријателска офанзива, за помош од пријатели итн. Но, на крајот на денот граѓаните се разочарани. И гледате заминуваат во други земји да се вакцинираат. Прочитав дека околу 15 илјади граѓани веќе се вакцинирале во соседна Србија и тоа е срам за државата. Гледате и самите чиновници од СДСМ велат дека тоа е големо потфрлање, зборувам за претседателот Стево Пендаровски, па конфликтот со Венко Филипче на таа тема, но на крајот кој губи? Губи обичниот народ. Сега навидум има некоја вакцинација, имунизација во салата Борис Трајковски, но тоа не реално, бидејќи одреден број на граѓани може да се вакцинираат, но тоа не е целосна имунизација. Зошто го говорам ова, бидејќи тоа би се случувало во секој град, во секое мало место и навистина секаде ќе има шанса да се вакцинира секој кој што посакува. Дел од граѓаните се вакцинираат, но многу, многу луѓе не се вакцинираа и тука е најголемото потфрлање во овој момент. А да не зборувам за секојдневниот ПР што го правеа, на едни мали бројки не ставаа во карантин, додека сега ситуација е драматична, а власта глуми дали треба да се затворат рестораните и кафулињата додека тие си тераа некоја своја агенда за конгрес, каде што се собираа во своите штабови да си изгласаат претседател на СДСМ. И сето ова има конфузност. Јас би кажал дека нема предвидливост, ниту за граѓаните, ниту за економијата. И тука кога ќе направите сплет на сите овие околности има големо разочарување, дали е само недостатиг на вакцините, дали се сите оние мерки, дали Комисијата за заразни болести недоволно и политички, почнува и партиски да сугерира дел од оние одлуки, останува граѓаните да судат, но на крајот на денот, пак, ќе кажам кој страда? Страда обичниот граѓанин.
Целото интервју со потпретеседателот на ВМРО-ДПМНЕ Владо Мисајловски може да го погледнете на видео снимката на почетокот на овој текст.