Достапни линкови

Кој сака да се офајди од бугарското вето и балканските кавги


Илустрација
Илустрација

Кога во еден регион има спорови како тој меѓу Бугарија и Македонија или билатерални несогласувања, сите сакаат да ги искористат и „да се офајдат на туѓ грб“, вели во разговор за РСЕ, професорот од Универзитетот во Тетово и аналитичар, Башким Селмани

Секое одолговлекување на почетокот на преговорите за членство на Македонија и Албанија во Европската унија (ЕУ) носи ризик за разни странски влијанија. Американската амбасадорка во Македонија, Кејт Брнз, изјави дека има држави кои не ги делат истите визии за Северна Македонија во Европа, и кои не ги делат вредностите за Европа, како слободна и обединета, каде има долготраен мир и стабилност и дека „тие можеби ќе гледаат да ја искористат ситуацијата за нивен стратешки интерес“. Поранешниот заменик министер за надворешни работи на Бугарија, Милен Керемедчиев, во емисијата „Бугарија он аир” изјави дека „руските специјални служби исто така замешале прсти во она што се случува меѓу Бугарија и Македонија“, а мислењето за вмешаност на Москва во напнатите односи меѓу Софија и Скопје го дели и бугарскиот аналитичар Николај Крастев.

Дел од аналитичарите во Македонија делат исти или слични ставови или пак сметаат дека Москва конкретно не замешала прсти во ветото, но дека ќе се обиде да ја искористи ситуацијата во своја полза.

Професорот од Универзитетот во Тетово и аналитичар, Башким Селмани, во разговор за Радио Слободна Европа, вели дека кога има такви спорови или кризни ситуации, големите сили сакаат „да се офајдат на туѓ грб“.

РСЕ: Професоре Селмани, по ветото на Бугарија за почеток на пристапните преговори на ЕУ и Македонија, слушаме коментари дека се замешани и некои големи сили, и на регионално и на светско ниво, особено Русија, која, наводно, има удел во ставањето на тоа вето или барем дека ќе се обиде да го искористи во своја полза, гледано од апсект на нејзините геополитички интереси.

Проф. Селмани: Регионот не треба да биде жртва на глобалните интереси
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:53 0:00
Директен линк


Проф. Селмани: Секогаш кога има вакви спорови влијанието на разни страни е поголемо. Значи, секој сака да заработува на туѓ грб. Сега е важно како ние како политика и како држава ќе играме - Дали ќе дадеме простор на повеќе страни или сами ќе собереме сили и да наоѓаме решение. Ние од спорот со Грција, гледано во политичка смисла, не научивме како треба. И со внатрешните проблеми што ги има Македонија, разни страни добиваат можност да имаат повеќе влијание, и го има и се гледа.

РСЕ: Каква корист конкретно може да има Русија од целата ситуација поврзана со бугарското вето за Македонија?

Проф. Селмани: Русија е секогаш многу внимателна и јавно не дозволува тие влијанија ние да ги видиме како обични граѓани, но влијание има, секогаш кога нешто се оспорува - влијание има, секогаш кога нешто се оспорува - влијанието е големо.

РСЕ: Дел од анализите покажуваат дека актуелната состојба во регионот, особено поврзана со корупцијата, им одговара на големите сили, особено Русија и Кина, да го шират своето влијание, без оглед дали некои од земјите од регионот веќе се во НАТО и ЕУ или се аспиранти за членство во тие сојузи. Конкретно, Транспаренси интернешанал коментираше дека Бугарија и натаму е ЕУ-членка со најмногу корупција во јавниот сектор, а неколкумина светски признати аналитичари велат дека „корупцијата е сојузник на Москва“. Значи Софија има корупција и владина криза, Скопје го има ветото од Бугарија, Косово и Србија го закочија дијалогот... Колку тоа оди во прилог на Истокот, наспроти ориентацијата на регионов кон Запад?

Проф. Селмани: Се согласувам со тие анализи. Корупцијата на Балканот е голема, но сепак Бугарија како членка на ЕУ се бори со корупцијата и тоа дава резултати. Русија има посебни специјалисти, така да ги наречам, во безбедносниот сектор, во економијата, дипломатијата... чија тактика е да ги искористат слабостите на секоја држава на секаков начин. Ама исто така и Бугарија може тие слабости на другите да ги користи на за неа најдобар начин.


РСЕ: Сите фактори во Македонија велат дека државата мора да оди напред. Кое е решението?

Проф. Селмани: Граѓаните имаат посебна надеж за влез во ЕУ, а истото го декларираат и владите во регионот, а фактички реалната состојба е поинаква од она што ние сакаме, бидејќи ако реално не се зборува за борба против корупцијата, големите сили тоа го искористуваат на најдобар начин за нив, а посебно кога имаме спорови, како овој меѓу Македонија и Бугарија, кој не е мал. Значи ние треба да се бориме како да се снаоѓаме во глобалните интереси, а не глобалните интереси да не направат нас жртва и колатерална штета. Но, како да се реши? Не гледам дека сите овие однесувања на позицијата, опозицијата и другите партии секогаш ги гледаат своите интереси, а ние како граѓани не ги знаеме кои се тие интереси, бидејќи сите секогаш за изјаснуваат за ЕУ и за напредок на државата. Не треба ние како држава да даваме многу простор на големите сили да ги користат нашите слабости.

XS
SM
MD
LG