Достапни линкови

Локалните избори во Косово, тест за „Самоопределување“


Косово, локални избори Косово
Косово, локални избори Косово

Во Косово се одржуваат четвртите локални избори од прогласувањето независноста на 17 февруари 2008 година. Централната изборна комисија го потврди учеството на 90 политички субјекти. Поточно, 32 политички партии, 34 граѓански иницијативи, една коалиција и 23 независни кандидати.

Граѓаните на Косово денеска избираат нови градоначалници и општински собранија во 38 општини. Овие избори, според политичките експерти, ќе бидат сосема поинаков предизвик од она што беше видено на последните парламентарни избори на 14 февруари оваа година.

На парламентарните избори, движењето Самоопределување освои над 50 проценти од гласовите, што му овозможи да формира влада без потреба од коалиции со албанските партии.

Борел побара Вучиќ и Курти да дојдат во Брисел на нова рунда преговори

Но, дали ќе се повтори истата поддршка за партијата на Албин Курти? Политичките експертите во Косово сметаат дека овој пат нема тоа да се случи. Тие го оправдуваат ова мислење со фактот дека на локалните избори кандидатот кој се кандидира за градоначалник има поголемо влијание од какво било ветување и поддршка што може да дојде од центарот.

Алберт Красниќи од организацијата Демократија плус (Д +) за Радио Слободна Европа изјави дека секоја споредба на резултатите од локалните и националните избори е несигурна, бидејќи историски во Косово резултатите од ваквите избори се разликуваат.

Тензиите меѓу Косово и Србија продолжуваат
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:40 0:00

„Традиционално, имаше различни резултати. Станува збор за трки за различни нивоа на власт, има различни изборни актери кои бараат поддршка од граѓаните и на овој начин не можеме да дојдеме до јасни заклучоци за да ја проектираме вистинската сила на политичките субјекти“, вели Красниќи.

Кој, колку општини освоија во 2017 година?

На локалните избори во 2017 година, Српската листа освои најмногу општини, вкупно десет. Српската листа е единствената партија на косовските Срби која учествуваше на сите избори во Косово со поддршка од официјален Белград.

По Српската листа следеше Демократската лига на Косово со освоени осум општини. Алијансата за иднината на Косово освои седум општини. На локалните избори во 2017 година, Демократската партија на Косово го презеде раководството на пет општини.

Косово доби нова влада, на чело со Албин Курти

Во меѓувреме, Самоопределување освои три општини, меѓу кои и Приштина. Но, подоцна градоначалникот на Приштина, Шпенд Ахмети ја напушти партијата на Албин Курти.

Една општина освои Социјалдемократската иницијатива, а една Турската демократска партија. За Самоопределување работите се сменија, бидејќи во февруари 2020 година, градоначалникот на Подуево од ЛДК Агим Велиу поднесе оставка за да стане министер за внатрешни работи.

На вонредните избори што се одржаа во Подуево, ЛДК ја загуби оваа општина по многу години и таму победи Шпејтим Булиќи од Самоопределување. Единствената општина што ја имаше Алијансата Ново Косово, во Јужна Митровица, беше изгубена откако градоначалникот на оваа општина, Агим Бахтири, му се приклучи на Самоопределување.

Имер Мушколај, експерт за политички случувања во Косово, вели дека во последниве години се промени граѓанската перцепција во врска со локалните избори. Тој вели дека секој ден сѐ повеќе граѓани гледаат што им нуди кандидатот за градоначалник отколку ветувањата што доаѓаат или од лидерите на владата или од лидерите на политичките партии.

„Тоа е напредок во однос на тоа како луѓето во една општина го гледаат локалното раководство и гласаат за точно она што локалниот лидер го ветува или може да го исполни, а не за ветувањата што националниот лидер или претседателот на партијата можат да ги дадат“, рече тој за Радио Слободна Европа.

Сепак, Мушколај не ја исклучува можноста негативен ефект врз резултатот на Самоопределувањеда има промената на раководството на двете најголеми опозициски партии, Демократската лига на Косово и Демократската партија на Косово.

Конститутивна седница на косовскиот парламент

Алберт Красниќи од Демократија плус вели дека локалните избори ќе бидат добар тест за ЛДК и ПДК со цел да се види колку се продуктивни промените во тие партии.

„Ова може да биде мерка за тоа колку овие промени ќе бидат поддржани од граѓаните“, вели Красниќи, додавајќи: „Не мора поддршката за кандидат во општина да се преведе како поддршка за политичкиот лидер на таа политичка партија“.

Централната изборна комисија (ЦИК) соопшти дека бројот на граѓани со право на глас во земјата е 1 милион 885 илјади 448 избирачи. ЦИК објави дека отпечатила околу 1,7 милиони ливчиња за градоначалници и уште 1,7 милиони за општинските собранија.

Косово сѐ уште има проблеми со конечниот изборен список, кој не е ревидиран и не е веродостоен, бидејќи е нелогично Косово да има повеќе гласачи отколку граѓани.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG