Еден месец по автобуската нереќа кај селото Ласкарци Јавното обвинителство денеска објави дека нецелосната исправност на кочниците на автобусот и брзината со која возел возачот е причината за несреќата во која загинаа 15 лица. Како што кажа шефот на Основното јавно обвинителство Скопје Сашо Рајчев приведени се седум лица за автобуската несреќа кај селото Ласкарци што се случи на 13 февруари. Осомничени за тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот се сопственикот на компанијата „Дурмо турс“, управителот на фирмата, возачот, три лица кои работеле во фирмата која правела технички преглед на автобусот и едно лица кое издавало потврда дека автобусот е исправен.
Интензивната истрага која се водела од денот на несреќата до денес покажала дека техничката контрола на автобусот била извршена во јули и во декември лани. Во јули биле утврдени недостатоци кај сопирачките, но и покрај тоа бил издаден документ дека се исправни. Со сите овие неправилности, за сопирачките и за инсталираниот уред за манипулирање со брзината, автобусот возел секојдневно.
„Истрагата покажа дека сопирачките биле делумно исправни и иако тоа било увидено на техничкиот преглед во јули 2018 година, му било дадена дозвола за работа. Истото и покрај неправилностите било направено и при техничкиот преглед во декември 2018. Дополнително е утврдено дека е манипулирано со тахографот со што не се покажувала реалната брзина на возење. Возачот тој ден возел со 99 километри на час. За возила над 3 тони дозволена брзина е 80 километри на час. Автобусот е тежок 15 тони. Неисправноста на кочниците и големата брзина се причина за сообраќајката“, изјави Рајчев.
Исто така потврдено е дека возачот на автобусот боледувал од дијабет, но тоа не влијаело врз неговото управување со возилото.
Рајчев објасни дека истрагата утврдила дека возачот во еден момент поради големата брзина изгубил контрола и излетал од автопатот. Тој пробал да закочи кога удрил во оградата на автопатот, но поради неисправност на кочниците не успеал и поради тоа паднал во провалијата.
Тој го активирал тахографот за за да не се прикаже реалната брзина на возење, а на прашање дали имал влијание од некој да манипулира со тахографот, Рајчев рече дека тоа ќе биде познато по испрашувањето на возачот со оглед дека сега има статус на осмничен. Истрагата покажала дека во автобусот бил инсталиран посебен уред кој покажувавал погрешна брзина. Возачот на автобусот не зборувал на телефон. „Тој кога ја пречекорил доволената брзина од 80 километри на час го вклучил овој уред. Поради големата брзина возачот изгубил контрола врз автобусот и почнал да кочи, кога удрил во првата заштитна ограда, но поради нецелосна функционалност на сопирачките, заедно со големата брзина, автобусот ја пробил и втората заштитна ограда и паднал во провалијата“.
Сите седум лица се наоѓаат во полициска станица. Денеска ќе бидат изведени пред судија на претходна постапка. Обвинителството ќе бара мерка притвор за 6 лица односно за возачот, сопственикот и управителот на „Дурмо Турс“ и за лицата вработени во фирмата за технички преглед на автобусот. За лицето кое дало потврда за исправност на возилото ќе се бара мерка претпазливост, изјави Рајчев
Од Обвинителсттвото рекока дека поради утврдените пропусти со издадените уверенија од техничкиот преглед и нецелосно исправните сопирачки МВР ќе истражува во кава состојба се и останатите автобуси на "Думро Турс"
Кој треба да понесе одговорност за пропустите во јавниот превоз?
Инаку во текот на предистражната постапка биле испрашани 47 лица, било извршено вештачење од Машинскиот факултет за функцинорирање на системот на автобусот и од Електротехничкиот факултет за уредот што ја покажува брзината.
Пропустите утврдени во оваа несреќа кај автобусот кој од јули минатата година година возел без целосно исправни сопирачки и начинот на кој биле издадени документи за исправност отворија прашање во јавноста дали некој во државата треба да понесе одговороност поради состојбите во јавниот превоз. Во текот на изминатата година се случија неколку несреќи со автобуси.
Автобусот на компанијата „Дурмо турс“, кој патуваше од Скопје кон Гостивар, излета од патот и падна во бездна кај селото Ласкарци, при што животот го загубија 15 луѓе, а десетици беа повредени. Во автобусот беа 51 патник, сите од Гостивар.