Иранската валута загуби повеќе од 600 проценти во однос на доларот, откако Иран и светските сили во 2015 година потпишаа нуклеарен договор.
Пред Иран да го регистрира својот прв случај на коронавирус кон средината на февруари, доларот изнесуваше околу 140.000 риали. Претседателот на САД, Доналд Трамп се повлече од нуклеарниот договор во 2018 година и ги укина олеснувањата на санкциите потег што ја турнаекономијата и ја поттикнаа инфлацијата во земјата.
Агенцијата за атомска енергија го критикува Иран
Иран се најде под натамошен дипломатски притисок на 19 јуни кога Управниот одбор на Меѓународната агенција за атомска енергија го повика Техеран да престане да го негира пристапот до две сомнителни поранешни нуклеарни места.
Пандемијата на коронавирусот и падот на цената на нафтата придонесоа за мрачната економска слика. Иран е најтешко погодената нација на Блискиот исток од пандемијата со 9.500 смртни случаи и повеќе од 200.000 позитивни случаи досега.
Шефот на централната банка на Иран, Абдолнасер Хемати, рече дека земјата се обидува да дојде до пристап на милијарди долари средства замрзнати во странство за да обезбеди ликвидност на пазарот.
Пораст на смртни случаи од ковид-19 во Иран
Во објавата на Инстаграм тој се обиде да го минимизира психолошкото влијание од факторите кои влијаат врз пазарот.
„Околностите создадени од короната и привремениот притисок врз девизниот пазар не треба да даваат погрешен сигнал“, оцени Хемати, додавајќи:
„И покрај ограничените приходи од нафта, девизниот биланс на земјата е добар и централната банка ќе продолжи да ја обезбедува потребната валута ... и покрај континуираниот американски притисок“.
Ковид-19: добра превенција и лоша економија
Во мај, иранскиот парламент гласаше за намалување на четири нули од валутата и замената со томан, што ќе биде еднаков на 10.000 риали.
Законот мора да биде ратификуван од Советот на чуварите, моќно тело кое се смета за строг стражар на иранскиот Устав.