Достапни линкови

Кина сака продлабочена соработка со Македонија


илустрација
илустрација

2020 година е важна за соработката меѓу Кина и Северна Македонија, изјави амбададорот на Кина во земјата Џанг Ѕуо.

Кина планира да ја продлабочи политичката меѓусебна доверба и да ги промовира контактите меѓу политичките партии, а на економски план да ја прошири соработката во трговијата, инвестициите, енергетиката, земјоделството и туризмот, изјави амбададорот на Кина Џанг Ѕуо денеска во Скопје. Тој дополни дека 2020 е важна година за неговата држава која сака да ја продлабочи соработката со Македонија.

Осврнувајќи се врз најголемиот градежен проект на Кина во земјава, автопатот Кичево-Охрид кој преку заем од ЕКСИМ банката се гради со кинески кредити тој рече дека најтешкиот дел од тунелот е завршен, додека автопатот Миладиновци-Штип е пуштен во употреба.

Автопатот Кичево-Охрид чија изградба почна пред повеќе од пет години и која, според првичниот договор, требаше да чини 411 милиони евра, ќе продолжи да се гради со нов заем од речиси 180 милиони долари.

Решението за автопатот Кичево–Охрид, беше прифатено од претходната влада, а потоа обновените преговори за негова доградба според некои коментари во јавноста доведоа до тоа тој пат да биде прескап.

Но, амбасадорот рече дека очекува овие автопатишта да играат уште поактивна улога во промовирање на заедничкиот развој на Централна и Источна Европа.

„Соработка во сферaта на инфтструктурата и заемните конекции е многу важна сфера. Изградбата на двата автопата стана многу добар пример за соработка. Минатата година бројот на кинески туристи кои ја посетиле Северна Македонија достигна 14.000. Трговскиот обем меѓу двете наши земји достигна околу 650 милиони американски долари и со ова Кина останува најголем трговски партнер на Македонија надвор од Европа“ изјави амбасадорот Ѕуо.

Инаку, во моментот Кина највидливи се кинеските инфраструктурни активности и проекти, а од Сојузот на стопански комори во изминатиот период посочија дека тие како стопанственици ја интензивираат соработката и сакаат да ја промовираат Македонија како дестинација за влез на директни инвестиции на кинески компании, посочувајќи го примерот од регионот со Србија која потпиша договор со Кина вреден милијарда долари за фабрика за гуми.

На прашање на Радио Слободна Европа дали Кина планира конкретна инвестиција во Македонија по примерот на земјите од регионот амбасадорот изјави дека во план е воспоставување на безвизна соработкa.

„Оваа година е многу значајана за соработката меѓу Кина и Северна Македонија. Планирано e во првата половина од оваа година да има самит на лидери од Кина и на земјите од Централна и Источна Европа и од земјите 17 плус 1, и на самитот очекуваме да бидат публикувани две програми, едната е за пет години сороботка, а другата е за две години соработка. Според мене, во сферата на купување земјоделски продукти, во културата и во туризмот ќе имаме убава соработка. Во меѓувреме, исто така нашата амбасада се труди да договори со македонската страна да има безвизна соработка за да олесни влегување во Македоија и да има повеќе туристи“ изјави амбасадорот Ѕуо.

Инаку, од воспоставувањето на дипломатските односи со Македонија, Кина досега има обзебедено помош во вредност од 355 милиони јуани кои се наменети во образованието, медицината, научни истражувања и други области.

Осврнуваји се врз политичките релации од кинеската амбасада оценија дека политичката доверба во минатата година е продлабочена. Остварени се разговори на претседателот Стево Пендаровски со кинескиот претседател Ванг Шишан за време на нивниот престој на Форумот за мир во Париз, премиерот Зоран Заев и премиерот Ли Кешинаг ја одржаа третата билатерна средба, а летото претседателот на Собранието Талат Џафери ја предводеше делегацијата која ја посети Кина.

Незаобиколна тема на прес конференцијата беше безбедносна ситуација предизвикана од конфликот меѓу Иран и САД.

Притоа е нагласено дека Кина се залага за мирно решение на конфилктот и со примена на дијалог .

„Според нaс со примена на сила ќе се создадат уште повеќе проблеми, но тоа нема да доведе до мир“, изјави кинескиот амбасадор.

Кина се надева дека ќе има своја конструктива улога во ставање крај на вакви меѓународни проблеми ијзави Ѕуо.

  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG