Достапни линкови

Карантин за политизацијата на ковид-19


илустрација
илустрација

Светската здравствена организација предупреди на појавата на политизација на ковид-19 и ги повика земјите да се обединат во борбата против пандемијата. Според податоците, пандемијата се забрзува и носи рекордни дневни зголемувања на инфекции, најмногу во САД.

Генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејезус изјави дека политизацијата на ковид-19 предизвикува поделби меѓу земјите и влијае врз ефикасното справување со пандемијата во светот.

Тој ги повика светските лидери да се обединат и да ги остават настрана своите разлики за да го спречат рекордното секојдневно зголемување на ковид-19 низ целиот свет.

"Од самиот почеток ве молиме ставете ја во карантин политиката кога станува збор за ковид-19. Избегнувајте каква било поделба. Сите разлики би можеле да бидат искористени од вирусот“, рече тој.

Генералниот директор на Светската здравствена организација Тедрос Аданом Гебрејезус, германскиот федерален министер за здравство Јенс Спан и францускиот министер за солидарност и здравје Оливие Веран на прес-конференцијата во Женева, Швајцарија
Генералниот директор на Светската здравствена организација Тедрос Аданом Гебрејезус, германскиот федерален министер за здравство Јенс Спан и францускиот министер за солидарност и здравје Оливие Веран на прес-конференцијата во Женева, Швајцарија

Како одговор на низата забелешки на американскиот претседател Доналд Трамп дека СЗО и Кина лажеле околу вирусот, шефот на Програмата за итни случаи во здравството на СЗО Мајкл Рајан, рече дека сите луѓе треба да се воздржат од употреба на јазик со негативни конотации.

СЗО ги отфрли наводите дека следењето на контактите не е ефикасно

„Од гледна точка на СЗО, ние очигледно сакаме да имаме меѓународен дискурс, кој ќе се заснова врз взаемно почитување и во таа смисла ги охрабруваме сите луѓе на сите нивоа и во сите земји да користат јазик што е соодветен, почитуван и не е поврзан со какви било конотации што се негативни “, рече Рајан.

Луѓе чекаат да се тестираат по новото избувнување на ковид-19 во Пекинг, Кина на 30 јуни 2020 година.
Луѓе чекаат да се тестираат по новото избувнување на ковид-19 во Пекинг, Кина на 30 јуни 2020 година.

Коронавирусот досега, според универзитетот Џонс Хопкинс, инфицира повеќе од 10 милиони луѓе ширум светот и уби повеќе од 504.000.

Шефот на Светската здравствена организација Тедрос Аданом Гебрејезус предупреди дека пандемијата на коронавирус „ни оддалеку не е на крајот“, додавајќи дека на светот ќе му треба „уште поголема еластичност, трпеливост и дарежливост во месеците што следуваат.“

Висок дневен пораст на заболени од коронавирус во САД

Соединетите држави се најтешко погодени земја со 2,6 милиони случаи и повеќе од 126.000 смртни случаи.

Алармантниот број нови случаи на коронавирус принудија повеќе американски држави да ги вратат забраните во рестораните и други места, бидејќи официјални лица велат дека премногу луѓе ги игнорираат упатствата да носат маски и да одржуваат физичко растојание.

Соединетите држави за еден ден регистрираа 42.000 инфекции со коронавирус, што се толкува како најнов знак дека земјата се соочува со брз наплив на случаи.

Д-р Ентони Фаучи, водечкиот специјалист за инфективни болести во САД
Д-р Ентони Фаучи, водечкиот специјалист за инфективни болести во САД

Д-р Ентони Фаучи, водечкиот специјалист за инфективни болести во САД, предупреди на неодамнешните пикови, велејќи дека во некоидржави не се земени предвид упатствата да се почека на континуиран пад на инфекциите во тек на две недели пред да се дозволи повторно отворање.

Фаучи, кој исто така е член на работната група за коронавирусот на Белата куќа, треба да сведочи на сослушувањето во Сенатот за тоа што покажало олабавувањето на мерките.

СЗО: ризикот од повторен пик на коронавирусот во Европа e „реалност“

Повеќето од сегашните нови инфекции во САД се концентрирани во јужните и западните држави.

Во Аризона, гувернерот Даг Дуси нареди барови, кина, спортски сали и водни паркови да се затворат веднаш и да останат затворени најмалку 30 дена.

„Нашето очекување е дека нашите бројки следната недела ќе бидат полоши“, рече Дуси.

илустрација
илустрација

Флорида и Тексас наредија затворање на сите нивни неодамна отворени области.

Неколку држави на 29 јуни исто така им наредија на жителите да носат маски во јавноста, во драматичен пресврт на претходните политики, според кои носењето маски е работа на личен избор.

Фаучи: проблематичен тренд на коронавирусот во САД

Во Флорида, градот Џексонвил, им нареди на луѓето да носат маски во јавноста во „ситуации кога поединците не можат да се оддалечуваат од социјално ниво“.

Гувернерот на Канзас Лора Кели пак, воведе мандаторно носење маски на јавни места, наведувајќи дека е неопходно да се избегне ширењето на пандемијата. Орегон и Канзас најавија слични барања за носење маски.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG